Ako за вечера дадам кашичка со ад млеко дали морам да чекам да поминат 2 саати за да дадам ад млеко во шише.?
А што со останатите намирници? Да не се разбереме погрешно и јас го сакам најздравото за моето дете. Само за жал не сите имаме од село, а на нашето органско скоро ич не верувам.
@mal.ecka јас тиква дадов, одлучив морковот да го ,,одложам,, за понатаму поради поинтензивниот вкус. Од зеленчук ќе продолжам со тиквичка, па сладок/обичен компир, па морков и брокула. Инаку тиквава не беше кисела не дека повеќе изеде, не се вртеше, фаци не правеше ама подобро минавме
Еве мене ми рекоа со пашканат да почнам. Инаку има и пашканат и бел морков на хип чисти каши сега незнам дали ги носат таму. За другото незнам ова онака што разгледав инаку рано ни е нас.
Па скоро се имаме во бавчата, дедо ми сади тикви, дињи, лубеници, компир, грашок, има круши, кромид, лук, магдонос, цреши, домати, пиперки, спанак, блитва, цвекло, краставици, брокула, јаболки, сливи итн. од се по малку има за малово, за нас не е толку битно И свекор ми нешто сади иако далеку од градот му е викендицата сепак сметам дека не е толку чисто како она кај дедо ми. Она што немаме домашно не ни давам пример пашканат, целер ни ние не јадеме и не ни давам на малото. Кога беше помал му купував цело време каши на хип или холе. Сега не дека нема пример пробано обичен ориз или лека, грав која не е органска, ама гледам што може да избегнувам и што има органско од типот на житарици, или пример урми во дм од таму купувам.
на Био Космос органско 100% какао. Само да знаеш бидејќи е чисто какао немој да ставаш многу зашто е појако. Јас ставам пола кафено лажиче ( или рамна кафена лажичка ) во оброк 250гр.
Ориз и Палента на Хипп или Холе кога прв пат го дадовте го приготвивте чист без намирница пробана или? За една недела сме 6м.Само пробувано до сега морков,јаболко,тиквица,кајсија,тиква,круша,слива.Комбинации не сум дала сеуште а и од кога се дава комбинација?
Палента и ориз можеш да дадеш со веќе воведена намирница, чиста палента е блуткава нема да ти ја јаде.
Драгана ми рече со веќе воведена намирница да воведам ориз/палента и да почнам да комбинирам по 2недели, значи кога ќе има воведено 6-7намирници, за почеток само по 2 да мешам. Сабајле кашата колку сака да јаде толку, 12-13ч нов вкус
Значи исто ќе ми каже и мене Ние веќе една недела тераме со мала кашичка од ист вкус 125гр.за цел ден но му ја давам на два пати по половинка сабајле во 9ч.и другиот дел во 17ч.па фала му на Бога бебе ручка сито е не плаче не му е тешко на меше па така ќе тераме и плус палента и ориз ќе му воведам и на 30.05 на мерење па после ќе каже Др.Драгана што понатаму
Мајки, ме интересира вашето искуство кога воведовте цврста храна кај вашите малечки. Јас многу сакам да сум на ексклузивно доење до 6м меѓутоа наидов на осуди од блиска околина дека тоа било доцна. Бебчо е супер, качува килажа дури и повеќе од што очекував. 4 и пол месеци сме па ме интересира искуство од други мајки. Педијатарот ме поддржува ми кажа дека јас како мајка ќе осетам сама доколку треба порано, ама јас да си прашам.
Секој си воведува кога мисли дека треба, по препорака од педијатар, секако. Доколку бебето напредува убаво на доење, нема потреба од брзање. Околината нема да ти го гледа ни да ти го рани бебето, така што ти си таа што одлучува, бидејќи ти знаеш што е најдобро за твоето малечко.
Јас до 6 полни месеци само мое измолзено млеко му давав,супер напредуваше,крвна слика добра. И мене педијатарот така ме советуваше дека цел живот ке јаде а до 6 месеци само млеко. Ете тоа "наводно". Имаш искуство со млекото,чиста превара што е основна храна за бебето. Со што се е конзервирано тоа овошје и зеленчук кога дома приготвено за пола саат потемнува или прокиснува,а каша од јаболко или банана трае со години. На другарка мајка за моето чува на село кокошки и ги храни природно и на четири дена има по едно јајце. Нивните со концентрат несат како луди и носат низ цела држава. Нема веќе ништо здраво и квалитетно,само маркетинг и висока цена.
So morkovot vcera loso pominavme.Nagoni za povrakanje...Prva lazicka i se otkazav.Denes pak ke dadam i tolku,utre me planiram, ke preminam na sliva.
По можност да не е зелено кисело јаболко( јас така заебав работа пред многу години кога син ми почна со кашите)
Мајки имате или имавте проблем на почеток кога воведовте цврста храна да незнае бебе да јаде? Моево скоро месец на 05.05 точно почнавме абе јас како ставам тој бутка со јазичето и секогаш ставам повеќе за бар нешто плус да јаде и смешки сум му давам и чекам со лажичето да соберам Леле многу ми е мисла ептен...