Јас ја комбинирам со се. Можеш со ориз кога ќе воведеш, брокула, карфиол, авокадо, морков, компир, сладок компир. Тоа од првите намирници кои ги воведував. Како чиста тиквичка немам дадено. Инаку морков јас дадов како прв вкус. Мој совет да дадеш, можеш да го комбинираш со се. И со овошје и зеленчук.
Купечка каша нема чиста само тиквица. На холе имаше некоја мешавина во која имаше тиквица ама не се сеќавам друго што имаше.
Ние почнавме со јаболко , круша, банана, не ми ги сакаше. После дадов чист компир, почна да ми јади. Следно тиквичка чиста и исто искоментирав-кај ќе го јајш ќерко ти ова ,грдо е. На мое изненадување си јадеше со сласт. Досега научив дека се што е чудно за нас, нив им е супер вкусно.
Тиквичка домашно подготвена му дадов меѓу првите вкусови ја пробав и беше многу блага и вкусна. А компир со мое млеко му дадов и беше како пире.
Нема готова каша, мешаната што ја спомна Кики е со куп други намирници па и таа не иде во предвид Знаеш дека за ова си скрос во право и не треба по нас да се водиме, кога јаболкото му е кисело и сливата исто, а заправо се баш благи, тогаш компирот и тиквичката не ќе да му се блуткави
Ќе пробаш и ќе кажиш. Јас си викав дека банана несакаше а немат дете кое не ја сакат, кај ќе јади брокула, цвекло и сл. Брокула обожаваме, во се ја јадиме како и тиквичката. Додуша и ново им е се, нешто што не е бело, хихи, млекце не е. Ама малку по малку. На 5 почнавме ние со цврста а почна убо да си ручкат на 7.5 откога воведив месо, измеѓу беше борба да каснит нешто.
Моево бебе дефинитивно ги сака овошните каши...денес втор ден компир но со морков го комбинирав едвај пола тањирче со буткање Дури со јазикот стои фацуле уште да ми рече зашто ми даваш кога не сакам а јаболкото,крушата,кајсија,слива ги јадеше... Следен ден оризова каша со јаболко или круша ќе му дадам да видам дали ќе се мршти
Исти сме и ние, само овошните каши ги сака, му ги комбинирам со ориз, гриз, палента и си ги јаде супер. А морков, компир и тиквица не сака никако ни да отвори уста. Ние сме 6 и пол месеци и сакам да пробам бисквити да му растопам со овошна кашичка. Ве молам за совет од кои бисквити давате за оваа возраст
Мaјки нa витaлиa видoв Брaшнo oд спелтa и снегулки oд истaтa, пa aкo земaм кaкo дa јa кoмбинирaм? Рекoв дa сменaм некoјa нoвa oднoснo прaистoрискa житaркa дa прoбaме бебе 10+ @Mala30 јaс и дaвaв нa Хип и уште и дaвaм, уште некoј месец и ке се префрлaм нa плaзмa
@pile30 вчера те прочитав за лажичките, па денес сменив лажичка, плус пуштив песничка на мобилен, бебе се изнајаде, дури и отвараше уста. Со молење почна, ама со успех заврши, да имаше уште, уште ќе јадеше ^^сливата сепак не била кисела
Зошто неможев други да накдам ги купив овие ржани и јачменови снегулки. Читам позади може да има траги од кикирики. Бебе е 8+.дали да давам? Иако и ма овесните снегулки пишува може да има траги од јатки
мојата колку сливи има прејадено неможам да избројам.Мене сливага на хип ми е чиста мармелада ама она ја јадеше ко луда
Здраво мамички сакам да прашам дали постои табела или прирачник за воведување на храна кај бебе од типот на што прво се дава, колку пати во текот на денот и дали секој ден за бебе што си цица и убаво напредува, потоа кои се првите намирници и после колку време се воведуват нови вкусови, и уште оваа временскиот период на кашичка кога треба да биде и колкава пауза се прави помегу кашичката и цицањето. Се извинувам вака можеби не е баш прашањето јасно и соодветно но по природа сум многу паничарка и ми е страв да не згрешам некаде, инаку досега сме само на доење уште малку ќе бидеме 5м и мн убаво напредува без никакви дохрани. Па сакам да се спремам да се едуцирам малку во врска со воведувањето храна. Ви благодарам
Гриз,палента од кој месец може да се дава? Исти сме и ние на зеленчук не отвара уста...ми се потврди ко многу мајки што ме советуваа дека почни со зеленчук демек овошјето секако ќе го јаде...почнав со зеленчук и џабе...во мојов случај тоа неважи...може понатаму ќе биде поинаку незнам...само знам дека нема правило индивидуално е се
Dobro pominavme so slivata.Ne izede mnogu ama dovolno, bitno ja saka bez pravenje faci. @emkaemka so bese fintata so lazickata?