1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    Majki kakvi makaroni davate i od kolku meseci moze da se davaat?
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.960
    Допаѓања:
    327.282
    Пол:
    Женски
    јас на 10 полни дадов
    почнав со Дивела и со нив терам до ден денес
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.699
    Пол:
    Женски
    Свежа аронија каде да најдам? До сега само сок давав ( ставав во кашите) ама сакам да најдам свежа.
     
  4. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Во Веро имаш замрзната ( во кутија картонска ) аронија, јас таа со месеци ја купувам. Секогаш имаат, стои во фрижидерот кај што е останатото овошје до Фриком овошјата.

    Од неполни 9+ почнав да му давам посни макарони ( Дивела или на Миско грчките ) ситните што се како за салата. Од 11+ кога ја воведов и белката почнав да ги давам оние кој и ние ги јадеме ( претежно Дивела купувам и Миско ).
    Ќе и зимаш посни макарони на Дариа дур не воведеш и белка. Слободно нека ручка, во релна зготвени ќе и се највкусни ☺
     
    Последна измена од модератор: 27 мај 2018
    На Paka, stevemila и VDT2906 им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.809
    Допаѓања:
    202.815
    Пол:
    Женски
    Свежа на есен, сега само смрзната. Има во сите поголеми маркети.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.605
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    Јас купив пченкарни.. од пченкарно и оризово брашно за синчето. Овие би можело порано да се дадат? Немаат ни глутен..
     
  7. ***Lami***

    ***Lami*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Ние сме 7+ до сега сум дала палента ,гриз по некоја трошка лебче (кога јаде некој па да не гледа).Сега сакам да и вклучам бисквити.Од кои давате и плазма може ли?
     
  8. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Јас и давам од ло бело без глутен.Но сега воведовме глутен можам и други.Но за плазма мислам е рано
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.272
    Допаѓања:
    226.751
    Пол:
    Женски
    плазма 12+. хип и ло бело можеш
     
  10. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Зашо мила 12+ Плазма? Од 8+ плазма му давам еве го 14мес. И внукот исто со Плазмата од 8+ е.
    Ако се мисли на медот внатре сепак нема којзнае која количина мед и до сега не сум чула за некое дете од Плазма да имало алергија ( може грешам извини ).
    Проблемот со Плазмата бисквити се што се потврди за разлика од Ло Белото и потешко се топат во уста за разлика од Лобелото ( настрана медот ) па ако бебе сеуште незнае да џвака и врти храна во уста и голта одма...е тогаш е проблем. Ло белото ги давав од 8+ , а Плазма покасно почнав зашто му беа многу тврди и потешко се топат во уста. Мелена Плазма користев од 8+ често во овошните оброци еве и ден денес.

    Јас како што пишав од 8ипол мес почнав со макарони посни ( да немаат јајце зашто белка немав воведено ). Зашто веќе и џвакаше и сакав да се учи да јаде, да цвака и да смениме малку во исхраната. Глутен на 6+воведов како што се соцетува по најновите истражувања дека се воведува најдоцна до 7+зашто ако е покасно воведен истражувањата покажале дека е поголема стапката на алергии кај тие деца ( на 0+ Телма имаш за ова на јутуб ). Најбитно ми беше да се посни дур не воведам јајце цело.
     
    Последна измена: 27 мај 2018
    На eli25, Sanja1105, stevemila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.809
    Допаѓања:
    202.815
    Пол:
    Женски
    Плазма не би давала не само ради медот, туку има соино брашно, а сојата скоро без исклучок е ГМО.
    Домашни бисквити лесно се прават, има еден куп рецепти на нет, а и тука на форумов имаше рецепти во некоја тема споделено. Јас сум правела домашни бисквити, ама со јајца, млеко, брашно. Одамна не сум направила, не ми текнува рецептот, ама верувам дека тука на форумов е запишан.
     
    На kristii, joy1, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    2.632
    Пол:
    Женски
    И јас давам од хип и лобело сега сме 11 и нареден оброк од бисквити ке биде плазма, искрено повкусни и се и дадов еднаш да си грицка абе цела ја изеде, и давам на хип ја гризе и ја плука хаха
    @stevemila јас користам од Сентела тараната и ѕвездичките
    @sofi2107 и јас воведов глутен на 6ипол
    Да редактирам домашни неможам да погодам еднаш ги изгорев еднаш недопечени... и си реков да не се мачам и отидов и купив :)
     
    На stevemila и sofi2107 им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.272
    Допаѓања:
    226.751
    Пол:
    Женски
    Составот е за 12+ барем според мене. Со алергени не треба да се брза. Не е битно колкава е количината туку дали има или нема.
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.605
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    Ахам.. јас уште немам глутен дадено, ке почнам деновиве. Овие макарони се инаку пченкарни, со пченка и оризово брашно, глутен немаат. Немаат некој страшен состав и затоа си викам ваљда може и за бебе 7+ да се даде. Синчево не сме јајца, пченица и затоа побарав било какви да немаат пченица и јајце. Леле незнам што е попаметно! Толку пазев со ова дете, воведував се по табели, разновидна храна, здраво... што не снајде незнам, може таа салмонела е крива за се. Не сакам да згрешам и со малава.
     
  15. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Да така е, сепак да не се занемари фактот дека не секое дете е исто и со иста фамилијарна историја ( алергии, дерматит, нетолерантност на намирници итн ).
    Јас лично давав Плазма, а медот како мед од 12+ го дадов прв пат.
    Мада искрено пред да дадам Плазма горе/доле ги исчитав искуствата на мајките на форумите ( србија, хрватска, мак. Итн ) и искуства на другарки и тогаш се одлучив и почнав да давам од 8+. Но, нели сепак незначи дека и друга треба да даде. Сепак одлуката е индивидуална.
    Може составот е за 12+ ама сепак генерации израснаа со Плазмата и од пред 12+.

    Ако искуството не ти е океј сепак сметам дека нетреба да брзаш. Јас макароните посни ги дадов откако и леб дадов. Сепак се тестенини и се тешки за варење. Ете има возрасни па после јадење макарони им е тешко, а не па бебе. Мали сте 7+ за било какви макарони. Почекај барем после 9+ сепак не е зорт имате сеуште убави намирници за воведување.
    Салмонелата обично од непроверени јајца, месо и одредени непроверени и нечисти намирници се фаќа. Ја фати внук ми од братучед од препелица јајца и 3-4 месеци по болници се пафтаа и навистина жално искуство.
    Искрено колку е убаво здрава исхрана толку и нечини. Мада реално почвата е секаде иста па и домашно садено не е толку органско и здраво. Ете внимаваме ама колку и да се внимава не е ни до мене ни до тебе, нешто ќе се згреши ненамерно.
    Моето искуство е друго.... наоѓав златна средина од искуствта на дохрана од другарки ( децата нечии се и по 19г ) , табелите сите различни па средина наоѓав, си го следев и својот мајчин инстикт. Не идев по таа логика дека ако пр. ти си дала макарони на 8+или Плазма на 8+дека и јас треба да дадам.Немаме алергии во фамилија и може и затоа не многу пазев на све. Внимавав само на јагоди, белката и медот. Тоа дадов после 12+ ( може некоја недела и порано нешто дадов ). Цитруси по искуство на @Annath и мислам @Lolipop23 ( извини ако грешам ) ги воведов на неполни 11+ . Фала им многу што секогаш беа и се тука за советите и се сепак покомпетентни во однос на некој совети. Фала ви мајки ептен ми се најдовте
    Фала Богу да не го заречам до сега немал проблем со ништо. Ден денес му готвам посебно ( дали 4-5 пати сум дала од наше јадење, но запршки и зачини немало ). Сеуште го дојам и знаеме нели дека во м.млеко има антиалергени материи и све остало со " анти " , но незначи дека ако има историја на алергии или склоност дека ќе го заштити.
    И печурку сеуште не сум дала и гледам барем до 2г да не дадам, морски плодови не давам. Сувимеснати, паштети, виршли и сл ни ние не јадеме нит ми е во план да дадам. Но, не дека е строг режим здрава храна таман работа сепак е дете и сметам дека треба да проба и друго...смоки, грицки, чоколадо, сладолед итн сум дала неможе да лажам дека не сум дала и не сметам дека сум му наштетила или згрешила.
    @LiliBoz најмногу ми помогна и е најкомпетентна во однос на млечните продукти и секој нејзин совет го прифатив и применувам.....најмногуууу фала ти за све и за секој совет
    Никогаш не сум воведувала по 2-3 дена намирница најискрено. Ни волку толку лажици морало. Колку сакал толку јадел. Но, доколку би имал проблем кога сум воведувала искрено би внимавала и може вака опуштено не би воведувала дохрана. Здравје и за второ па и трето дете истово би го практикувала. Но, незначи дека и ти или било кој треба така нели.
    Имајте убав ден
     
    На karibian, Marija_Magdalena, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.272
    Допаѓања:
    226.751
    Пол:
    Женски
    Не се правдај бре зашто се правдаш :) Знаеш дека јас на тапет не ставам. Мајка најдобро знае за своето дете.
    Инаку ни јас немам давано по некоја лажичка. Едино што гледав е 2-3 дена да е иста намирница ама давав колку што сака. Сепак е бебешка храна не е бурек со месо па да му е тешко :)
     
    На EuHenIa, Sanja1105, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Туку ај коа сме тука да прашам за печурките дали знаеш ти или некоја од останатите мајки....зашто после 2г се даваат, која е причината? Имаш дадено на медениот твој или сеуште не? Неможам да најдам никаков податок.
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.605
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    Глутен со него воведов 7+, жолчка 8+ како што се сеќавам, белка нели 12+, млечните како к.млеко и јогурт 8+, месо 7+, млекото 12+. Океј е ова? Незнам како да постапам со малава. Салмонелата на 1год и 3м ја фати, во најжешкото 07.07 уште се сеќавам... до тогаш дете немаше кивнато, носе му немаше потечено, температура немаше кренато, беше здраво најздраво на цел свет со 13,14 хемоглобин :( после тоа почна хаосот... бидејки месеци требаа за да се врати во нормална исхрана, ослабе ептен, а какво топче беше.. си се утепав од плачење тогаш. Мислам дека таа е крива за се ова што му се случува, а од што и кај ја фати незнам...
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.809
    Допаѓања:
    202.815
    Пол:
    Женски
    Во желудникот кај деца до 12 години нема ензими за варење на печурките, а со тоа и ништо хранливо не се искористува од нив. Имаше еден убав линк на хрватски, ако го најдам, ќе го ставам. Јас на големиов после 4 или 5 години му дадов, не се сеќавам точно, а на малово уште не сум му дала.
     
    На mal.ecka и sofi2107 им се допаѓа ова.
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Чим е таква работата тогаш и нема потреба да ги мислам и не ги ни давам. Ако го најдеш препрати ми го линкот баш би сакала да го читнам.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.