Сончоглед, тиква, лен се 8+, сусам 12+. Маслинки несолени 10+ најрано, а после година и пол-две, може солени.
@eli25 Ако не грешам одите кај Живкович. Може ли да ми кажеш каков е нејзиниот став за дохрана? Ние кај Лидија одиме ама советот од 4+ да почнеме со сокчиња некако не ми се допадна па не знам дали е до нејзе или тоа е став на сите од Ремедика. Ако оди некоја кај Марина нека сподели и нејзин став.
од 5+ исто со разредени сокчиња, ама јас почнав со кашички. Лидија лично мене не ми е репер за ништо.
Мене многу доктори овде не ми се репер за некои работи, не дека сакам многу паметна да се правам ама како мајка си читам, се информирам пошироко па во комбинација со своја интуиција си носам одлуки за свое дете Мене педијатри ми даваа насоки од 5 м да почнам со дохрана, некои еве од 4 викаат ама јас се држев до доење до 6 м, наредниот ден дадов прва кашичка, пасирано, не блендирано. Сокчиња не давав. И едните и другите бебиња ќе израснат, одлуката е твоја најмногу
Патронажната сестра ме советуваше ако правам домашен сок да го разредувам, а за купечките не ја прашав. Ама на самата спецификација на купечките сокчиња кои се 4+ нема никаква напомена да се разредуваат. Како ги давате вие, ги разредувате или не?
Јас му немам дадено сок сеуште, ама ете за почеток ми рече и за купечките со разредување... Кај секое дете се прави проценка зависно од напредокот ако мора од 4 мора, тоа е.
Jas pocnav so dohrana od 5.5, a od 6 polni mu davam sokcinja od hipp i ne gi razreduvam. Sega sme za nekoj den 7. se nadevam nema nekoja steta
Бидејќи бебе е на ад ми рекоа (патронажната, на советувалиште и матичната) да почнам од 5 со каши дирекно. Така и направив. Да беше на доење ќе почнев од 6 дирекно со каши. Сок како сок не сум дала, само два-три пати досега сум дала од водичката во која го варев овошјето и си пиеше. Бебе сега е 7+ и има два оброци. Не мислам дека грешам
Секако сокчиња не му давам, не гледам причина. А за кашички имам неколку прашања. 1. Да почнеме со купечки или домашни? 2. Овошје или зеленчук? 3. Колку време ќе пробува вкусови? ги редиме сите посебно па откако ќе ги проба повеќе почнуваме со оброк или? 4. Кое време треба да му давам? Сабајле, ручек? 5. И количински колку? Се извинувам за прашањата ама поима немам што, како
Ние сме 6м и вчера му подадов сокче на Хипп од Крушка и Слива ради маката што си ја има 4дена каки нема..Но еве не го сака.Му дадов да му олеснам во спротивно не му давам.Го разредувам 3/1 некако 2-3 голтки едвај и не го сака.Киселко е може затоа не го бендисува поима немам...Ке пробам да сварам Крушка и Јаболко и таа водичка да му ја дадам да видам дали ќе ја сака...
Не грешиш. Моето е 7+, има два немлечни оброка и е на ад од почеток. Што сте вовеле до сега и од кога ќе почнете со глутен?сок и моето не пие
По бебе готвач одам јас. Се (освен пашканат карфиол киноа и амарант) за 6 месеци имам воведено. За 7 само спанаќ, денес лук, а утре ќе воведам глутен со гриз од синиот со бебе на слика. 1. Со купечки 2. Три дена овошје па три зеленчук и така во круг 3. По три дена се пробува еден ист вкус, од ко ќе проба се дозволено за таа возраст ќе имате цел оброк кој ќе го замени ад/доењето 4. Сабајле (јас гледав до 12 попладне да имам дадено) 5. По 5-6 лажички Прашувај што сакаш, сите некогаш сме немале појма како ти сега.