Дали додека воведувам жолчка можам да воведувам и други намирници,како на пример цреша,глутен ,и др.?
Ако мислиш истиот ден, не. Ако мислиш периодот во денови кога не даваш жолчка можеш. Мислам дека само после првото давање 1/8 направив пауза со нови намирници, а после нормално воведував.
Мојава е лапач невиден, 200гр каша без здив јаде, дај шта даш... дали е зеленчук, овошје, битно не е Единствено што не сака, дури и синко тоа не сакаше (а и он се друго си кркаше), е компирот но чист.. измешано со др го јаде, леле нагони нагони и се слошува зинува со јазик испружен, што ли и е толку гаден, дури и со малку ад млеко измешав, не бе се грози. Исто така затерав со домашни каши и пред некој ден купечка и дадов (банана, јаболко, ориз), ја јадеше.. но со трепкање и киселење Сакам да прашам по колку работи може да се мешаат во една каша зеленчукова, овошна на 7м? Ке воведувам и месо деновиве, со пауза се дава или и тоа три дена? Се сум заборавила
Втора рунда уште подобро 3 лажичиња изедени. Вода сака сама да пие од чашка клунчетп го игра, ама од лончето пие без проблем. Знам @wannaBeMomma користеше "магична" чашка на Нук. Ако и друг користи - од колку месеци е? Ќе ја биде да ја купам за дунде?
Ne e los zacinot (iako deklaracijata ne mi se sviga bidejki ne e kompletna, t.e. ne e naznaceno kakvi zacini i jaglehidrati sodrzi), ne sekdnevno, ama za vo mandzicki na primer bi go koristela.
@mariz месото не го воведував ден по ден, зошто мислам многу ќе му дојдеше. Ова по моја проценка Јас имам купено на нуби, пишува дека е 6+
Пак јас Значи купувам каши (кои? Холи или Хип?) и денес отварам јаболко на пример. Му давам неколку лажички и другото во фрижидер. Утре и задутре од истото, исто по неколку лажички, ако остане фрлам. 4,5,6ти ден пример брокула. Иста шема? (секој ден по неколку лажички?) 7,8,9ти ден банана исто неколку лажички... Вака треба? Цел 5ти месец вака да пробува? Или првите три дена јаболко, 4ти банана па 5,6ти јаболко и банана...? И колку време стварно се оди со по неколку лажички?
Мене вака ми кажа вчера докторката. Давам 2 дена по 2-3 лажички, третиот колку сака. На третиот ден може да се даде нов вкус исто по 2-3 лажички. По 10тина дена треба оброк да има. Купувам холе и хип. според сертификати за органско производство холе треба ппдобри да се. Тука викаа гадни биле. Отвараш кашичка, вадиш 2-3 лажички и во фрижидер теглата. Следнит ден исто. Оставаш на собна малку да се загрее пред да дадеш на бебе
Фала, сега ми е појасно . Уште нешто, под оброк на која количина се мисли? @wannaBeMomma што мислиш со “колку сака”? буквално? И што е разликата дали со домашни или купечки ќе почнеш? После одредено време се меша домашни, купени? Би било убаво кога бебе би јадело и такви и такви
Мадам пуф вчера јадеше бебешко макало рецепт од бебе готвач. Рецептот е да се изблендира пиперка и лук и да се измеша со пасиран компир. Арно ама мадам пуф сака блендирано и потечно и не сакаше да јаде Па ајде целото го изблендирав и додадов вода за да биди без грутки оти на фини работи сме ние учени
Оброк = мало тегличе. Јас со купечки пичнав од 2 причими - 1. 2-3 лажички е многу мала количина за да готвам. 2. Сепак имаат сертификати за органско. Домашното би било подобро ако стварно знаеме што купуваме. Јас сакам и купечки да јаде. Патуваме често и од практични причини сакам да јаде и купечки.
Да буквално Најубаво е да се дава паралелно и купечки и домашни, јер ако се навилне на едното утре нема да го сака другото и е мн зезнато
Ќе се вметнам јас sry Ги има во зегин и во каталогот сега и нешто на акција се , еве ги мене лично некако не ми се по ќеиф овие , општо квалитет и самата пластика , ги имам и на Нук и Авент магичните и ми се доста подобри ние веќе само во нив пиеме вода/сок , кај нив само пишеше м8+ , ама се е до детето кога е спремно веќе да пие .. Ние беме смешни - пиеше од се и некапечките , кога и а дадоме прв пат магичната незнаеше да пие и а фрлаше смотанко крофне мое дури свате дека треба да повлече малце , ние се изнапивме вода
Мислев на истиот период додека трае воведувањето на жолчка,сепак е цел месец воведување,ми нема логика цел месец ништо ново да не дадам Ќе се консултирам и со педијатар