Види пробај, јас на почеток имав мака затоа што стануваше со плачење и освен млеко не сакаше ништо. Немаше шанса каша да дадам. Пред скоро месец-два стигнавме до тоа појадокот да ни е тоа време накај 8. И сега знае некогаш да стане со плачење па освен млеко да не сака ништо ама ретко е тоа.
Кога ке стане нека си цица и заспие и наредно станување нека и е појадок. И без тоа сега засега ке имате само еден оброк таман си е 10ч. Кога ке дојдете до ручек и појадокот ке ви биде порано.
И ние почнавме да пробуваме вкусови. Јаболче и тиква. Двете по три дена, од кашичка. Каснуваме по 2-3 лажички и после тато ја дојадува. Денес примивме вакцина ( таа што требаше да ја примиме на два месеци, првата). Мислев да и дадам банана денес, ама се мислам. Незнам дали да очекувам реакции, и дали од вакцина или од банана. Едит, и дури може да се редактирам, и јас околу 12ч и давам од кашиве.
Тамн си е ретко кое бебе одма од будење ке сака цврста храна. Уште не се навикнати. Мојот јаде три оброка ама пак си бара млеко.
Па и се нанка и не е заинтересирана за пробување. Давај прво цице па нека нанка бебе па после каша. Исто и јас (а и повеќето членки) така правам.
Подобро дај и денес јаболче, па утре банана. За секој случај ако има некоја реакција да знаеш дали е од вакцината
Во почетокот штом ќе станеше бебка моја одма плачеше за млеко. Така немав кога да ја спремам кашата за 2 мин. Па откако ќе пиеше млеко после пола саат саат и давав кашичка. Ама на сред јадење ќе и се приспиеше и нејќеше да јаде. Полека ја одвикнав од млекото и сега штом стане пола саат игра додека се одмолзам и и спремам кашичка па јаде. И пред да заспие ја нудам млеко некогаш несака некогаш пие. Повеќе тоа и е навика мислам. Мајки со што да почнам да ја учам да џвака. 9 +сме. Само прави лапни голтни. Ако не е блендирано се дави.
Значи вака. Дунде цица при будење. После 1ч и давам да проба вкус. И после 30мин заспива со цице. Не ја држам гладна затоа што нема поента, нема оброк. Мислев ако ја научам да јаде во 10, 11 така ќе и остане. Децата тежнеат кон рутина.
Нема да и остане зашо ќе го промени и спиењето ќе седи повеќе покасно ќе ти заспива. Можеш да почнеш во 10 оброк и полека да ја прилагодиш да ти јаде 8 или 9 најкасно.
Прашање: АД млеко давам на три часа ( да речеме во 5:30 па 8:30 па околу 12) Може ли кашичката да и ја дадам во периодот меѓу 8:30 и 12? Нема да има проблем што пиела млеко претходно? Да речеме околу 10:30, тоа време е будна и обично весела. Или па да чекам да огладни за да дадам кашичка, а шишето да ми е спремно за секој случај?