Ја не би дала праска и цреша на 5месечно бебе. Сеуште дигестивен систем и цревца не се спремни за толку јаки намирници. Праската може да појави алергиска реакција ( црвенило на интима ) исто и црешата. Многу сте мали за такви намирници кој често после 7+ па и некој после 8+ ги даваат. На 5+ не се ни 5 намирници кој се даваат. Отвори Бебе Готвач имаш кој намирници се кога. Ама немаш за пред 6+. Најди ја неколку страни наназад објавив од @Annath стар пост ( слики од самиот пост ) и имаш за која намирница кога по месеци. Не брзај има време све ќе проба. Немој да му ја расипеш цревната флора ќе биде подложно на нетолерантност/алергии. На темава на страна 680 се сликите од табелата на Ана со воведување. Јас па и повеќето теравме по таа шема + - некоја намирница порано или покасно.
Да си ги симнав тие во телефон само ми доаѓа доста сезонски работи да испуштиме, тогаш ќе замрзнам и може ке терам прво со зеленчуци повеќе па овошје. А за времето ок е 12? Некако зеленчук ми е за ручек, а нормално би требало прво да воведам доручек. Ако може да пишат тие што почнале со зеленчук прво да кажат кое време од денот го давале.
Најдоцна до 12 ги давав. И онака е пробување вкусови во почетокот, па заради следење реакција според мене беше поправилно. Сега на 9+, знам и за ручек да воведам некоја нова намирница, ама досега не сме имале реакција на ништо.
Лани април се роди синко и ние летото испуштивме созонски ама беше и мал. Па што имаше се замрзна, па кога дојде во соодветни месеци за дохрана му давав ид домашните замрзнати овошки цела зима. Она што немав му го давав со готовите кашички. Еве го 14месеци и тек сега прв пат свежа праска проба. Има време ќе јаде и твоето свежо сезонско овошје. Не е само да се даде ако не е во соодветни месеци. Сепак сега за сега на 5+ ќе си даваш она што е полесно за меше и да може организмот да му ја свари убаво храната. Вие сеуште пробувате вкусови па така да нема разлика дали е овошје или зеленчук. Кога ќе си има оброци ќе се знае што е доручек, што ручек и што вечера. Како ќе ти каже педијатар ( кој го знае најубаво детето ) така ќе терате. Јас кога почнав со вкусови давав најкасно до 10ч ретко 11ч. Почнав со готови каши на Хип. Еве читни наназад неколку страни има многу мајки кој се на почеток на дохрана па ќе видиш која што дава од намирници.
Дали ако воведувам глутен постепено (прво 2 пати неделно, па 3 пати и на третата недела секој ден), можам во деновите измеѓу да воведувам и други намирници?
Kilku zrna aronija davate dnevno? Jas sekoj den tri mu stavam vo smudito, mnogu da ne e? Skoro dve god e
Кога ќе почнеш да комбинираш зеленчук ставај и си морков брокула карфиол. И мене ми има грд вкус само тиквица, а во комбинација со др. Е убава.
Neka i e na zdravje. Obicno bebinjata obozavaat morkov pa vo idnina ke kamufliras so toa sto ne go saka tolku.
Третиот ден од воведената намирница, прво сабајле даваш од неа (првиот ден 2-3 лажички, вториот и третиот по колку?), а истиот ден значи третиот покасно околу 12 даваш да проба и нова намирница? 5+ сме, уште малку ќе почнеме и ние со дохрана ама хаос ми е во глава, многу конфузно, страв ме фаќа да не утнам нешто
Мене докторката ме советуваше 2 дена да воведувам (2-3 лажички) и третиот да дадам да јаде колку сака, а малку подоцна (претпладне) да дадам нов вкус.