Иста бев и јас се измешано во глава.Кога ке почнеш ке влезеш во штос и ке водиш не е така сложено... @kukla21 ние па морковот не баш го обожаваме па и тиквата со буткање Се сто е бета каротен синче не ми е воодушевен...Може е грешно еве поикусните нека кажат мислам дека две намирници што содржат бета каротен не смее да се мешаат.Ова од нутриционист го имам на тв слушнато...Поима немам што е правилно
И ние кај и да е ќе почнеме со вкусови, уште сега паника ме фаќа Педијатар (не нашиот, туку друг) ме советуваше прво со сокови да почнам, сега од 4 месеци, а од 5 со каши, меѓутоа сокови не сакам да давам, планирам со каши да почнам. Гледам и повеќето со кашички сте почнале, па тука немам дилема. Следна недела сме на контрола и чекам да видам што ќе каже нејзиниот педијатар. Инаку сме 4+, дали е уште рано да почнеме со вкусови? Напредна е многу, голема е како за 6 месечно бебе, си цица убаво и се тоа. Матичната па вика тек после 6 месеци да почнеме, ама нема шанси да чекам толку, сметам дека е премногу. Сега вака си читам тука и си правам скриншотс од мислењата, @kukla21 по тебе најмногу се водам, да знаеш Вие кога почнавте со малата?
На 0+м имаше педијатар кој зборуваше како не било добро да се надмине 6ти месец за да се почне со дохрана. И други истото ми го имат кажано. Сепак ти си знаеш најубаво. Можеш и на 5 и пол да почнеш
@Bojana 123 Јас почнав со месо од 6+ по препорака на педијатри, зошто слабо качуваше на тежина. И давав првата недела од водата во која е варено месото, а после давав по 20 грама во кашичка. Сега сме веќе 7+ и давам по 40, максимум 50 гр во каша, зошто така прочитав на интернет. Давам секој 2 или 3 ден месо (само телешко).
Почнав со baby beef од 9 месеци,парчето да биде големо колку може да му собере рачето. Педијатрите советуваат три дена месо,три жолчка и еден посен ден. Некогаш и секој ден му давам кога не ја дојадува кашата.
https://sezahrana.mk/спелта-за-силен-организам-и-брзо-опора/ Имаш на гугле уште линкови за што е добра и начини на подготовка/рецепти. Од 7+ почнав да давам телешко по 50гр во оброк, секој втор ден давав. Веќе сега после 1г давам 6 дена месо по 100гр во оброк.
Месо давам од 7+ пилешко и телешко по 40,50гр во оброк. Пилешкото многу не ми го сака, а телешкото го обожава. Мојава овошје почна да не јаде. Денес планирав за вечера к.млеко и лепче да и дадам ама се предомислив и направив овошен јогурт (к.млеко 1лажица, овесни 1лажица, банана, јаболка и вишни) многу беше убав ама не го сакаше. Па и надробив лепче со к.млеко и си го излапка. Пробав сецкано овошје да џвака не сака, вака со к.млеко го подметнав исто не сака. А порано се жалев како само овошје јаде, зеленчук не сакаше да помирисне. Сега се сменија работите
Исто. Секое сабајле за доручек е вриштење, пиштење. Не знам што да правам, ми иде да го прескокнам појадокот и да и давам млеко зашто комшиите ќе не разберат дека јаде, т. е. не јаде. Скренав. Џабе правам каши насабајле
Да прашам нешто.Можеби не сум во право или негде грешам.Читам овде на форумов и на групине на фб дека се дава житарици поточно овесни снегулки,ржани или слично за вечера.Јас како што знам и од секогаш практикувам за мене такви житрици да не јадам на вечер.Пред се дека се јаглехидрати,потешко се варат.Зборувам од мој аспект затоа што одамна јадам житарици но само на утро.Прашувам и дека за скоро треба да почниме со вечера.
Од таа причина почнав и да не правам каши секое сабајле, ама мојава си џвака. Од каша 3,4 лажички јаде, па почнав ситно да и сецкам овошје, изеде 10тина мали парченца и толку. Не знам зошто така.
Не знам, ум немам и јас. Секое сабајле е пиштење. Единствено млеко со бисквити кога ќе и направам јаде повеќе. Пробај и ти тоа.