Јаде млеко со бисквити. Ама тоа повеќе за вечера ѝ го давам. Можеби не е толку по благото. Еве само вишни кога и давам, тие се кисели, си ги јаде повеќе. А ова што е поблаго овошје не го сака
А што друго би дала мајка за вечера ако не житарици? Овошје па ич не иде за вечера, брзо се вари и не држи ситост (освен банана, авокадо). Јас снегулки за вечера не сум давала, ама давам гриз, палента, домашни бисквити, јуфки, тарана...
Супер се житариците за вечера, не се варат тешко не се секирај, а и држат ситост па нема да ти се буди толку често.
СЗО вика од 6 да се почне. Од 4 месеци е со * и пишува само во исклучителни ситуации пред 6 месец. Кај бебе што добро напредува, нема потреба од цврста храна пред 6тиот месец.
Нешто беше поврзано со искористување на хранливите материи тоа дека не е добро после полни 6 месеци да се почне со дохрана. Зборуваше педијатарот ама не запамтив јас
Јас се држам до генерални насоки на Сзо. Педијатрите ми докажале дека ниту имаат заеднички став, ниту персоналозиран однос со бебето. Недела дена пред 6 месец приметив промени во варењето на храната кај бебе, столица, гасови. По ова и те како има зошто на 6 месеци се препораките. Пред 6 месеци бебе ниту знае да седи, нит да се држи исправено, а легнато бебе не ми иде да се рани. Во исклучителни ситуации (слаб напредок, гладно дете и сл.) сзо вели ок е да се почне, ама за бебе со убав напредок е греотка. Е сега, не мора баш на денот кп ќе направи 6 да се почне, ама околу тој ден. Не сум за 4 или ептен на почеток на 5ти.
И јас не сум за од 4 месец да се почне. Па стомачето не е спремно уште. Јас почнав од 5и пол со вкусови, а од 6 и пол со прв оброк. Убаво напредуваше со млекото и немаше потреба порано да давам цврст оброк
@Black girl овошје со бисквити имаш дадено? Денес тоа јадеше, не со сласт ама барем не е како претходните денови кога ништо не јадеше.
Чим викаш дека медениот твој сака лосос тогаш уште утре ќе му купам Знаеш дека твоите совети секогаш ми се добродојдени Кажи ми само како го припремаш и со што го комбинираш? Осличот му го варам и во комбинација со кус кус му го давам или со макарони, со ориз или со мешавината за руска салата. Често знам да ставам и патлиџани домашни во тегла имам или салца од патлиџани. Да терам со овие комбинации или дај некој интересен предлог. Искрено слаба сум со комбинации за со риба зашто јас риба нејадам повеќе од 20г .
Да да. Давам почесто тоа. Сакаше многу така, ама еве во последно време пишти. Дали дека вади заби, не знам веќе
Мајки, на сите многу Ви благодарам на одговорите. Имам уште едно прашање, од кога жолчка, по колку и колку пати неделно, со што комбинирате.
Јас печам све. варено ретко нешто. си го печам на маслиново со морков млад кромид и млад компир и детево буквално се дави. еве пред пол час јадеше банана сега седна со мене лосос да јаде не може да дочека ручек да му дојде.. и на крај батали компирите само риба јадеше
Мајки, ќе воведувам глутен па ме интересираат неколку прашања 1.Со која намирница да воведам? 2.Кои житарки ги користите откако воведовте глутен ? (Сум читала тука дека има некои на нестле 7 житарки,и слични такви ) 3.Кој гриз,двопек,макарони ? 4.Бидејќи ќе воведувам веќе и вечера дали се ок пример ноќни кашички од Хип за некогаш,за бебе што е само на доење? 5.Дали вечерата мора да е млечна и дали ставате ад млеко во некои каши или може и со кисело млеко да пројде? Бепчево е само на мое млеко скоро 9 месеци,не сум дала до сега формула па незнам дали мора вечерата со адаптирано да ја правам бидејќи неможам да измолзам количина. Истиве прашања ми се спремни и за педијатарот ама сакам да чујам и ваше мислење. Ви благодарам
Види во темата за Воведување јајце имаш искуства, мислења и совети. Утре ќе му печам баш да видам дали ќе ја бендиса Фала .
Ние заради болести заостанавме со пробување нови вкусови Имаме пробано морков,компир,јаболко,банана,ориз,авокадо,тиквица Уште десеттина дена 7 месеци ќе правиме За месо 7+ беше,исто и жолчка Кромид и маслиново може да воведам?Што друго?Имам заборавено мајка ми