Тоа убаво е дај и го на дунде Ама ако не пробала досега компир прво треба да проба чист за да го запознае вкусот. Јас прво го пасирам со вилушка па го ставам во блендер и додавам вода не е како гума малку потечно доаѓа оти мадам пуф не сака грутчиња, строго блендирано мазно да е
Можеш и така не е грешка бидејќи морков веќе има пробано, но пожелно е прво чист. Резултатот дали ќе појави алергија или не, ќе го видиш и така и така.
И ние денес слива какачка. После три дена банана, мислев морков, ама многу сува каката, па отидовме на слива. Си должиме еден зеленчук плус!
@kukla21 дај компирот мешан со било што воведено, толку е леплив сегашниов што мене ми се лепи по уста и едвај го голтнав, не па бебе да се снајде со него. Јас дадов една лажичка чист и бебе се испозадави, па правев милион комбинации да го воведам и никако не го бендиса сепак давав некако два дена, не е алергичен Ние воведовме доручек, веќе недела дена јаде над 150г каша и го држи некои 3ч, најчесто 200г јаде ама како јадеме подобро да не кажувам бебе ретко отвара уста туку шмрка од лажичето и мора цртковци пред него со напуштен глас и церемонијално јаде половина час Со вода сме скар ама го давам често шишето и во играње со него пивнува, кога давам од чаша знае да му се услади и да пивне и по 50мл Инаку спомнавте кога јаде, станува околу 8.30ч и за отприлика 1час давам каша, последно што цица е некаде околу 7-7.30ч
Значи сепак холе да си дадам јас. Морковче и компир. Ако не бива ќе дадам варен, па блендан со повеќе вода ко што кажа @fana. Тоа следно планирам и банана, па да пробам појадок да и воведам полека. А попладне ќе воведувам вкусови.
После една се и по моите табели, ама јас се мислам да пробам сега да дадам. За некој ден сме 10 и жал ми е да пропуштиме свежи.
Имам слушнато дека може компирот со малку млекце...варен на пареа, испасиран и да се додаде малку ад или мајчино за да е потечно...
Кај мене мисл 9-10м беше кога и дадов , на фриком замрзнати првпат , милина преубави кашички има со нив , па и аронија плус , бискоти , банана нешто коа ќе се додаде , и вие ќе каснете не ги пропуштајте свеживе малинки 10+ нема зијан , една членка памтам на 8+ даде ..