Мојава ич не ја сакаше! Го имам слушано на тв повеќе пати и никогаш не сум чула да каже сок. Напротив. Последно го слушав дека кажува овошјето да се јаде, а не сок да се пие.
ние почнавме со дохрана на 5ипол месеци но некако тешко оди, пробавме морков круша јаболка тиква и банана, и засега многу ретко нешто да и се допадне па да јаде...едвај по две три лажици и потоа кога ке је стегне вилицата никој не и ја отвара...Засега домашни и правам и сеуште немаме воведено како оброк затоа што не сака повеке од 2-3 лажици...незнам како ке сме понатаму за 5 дена полниме 6 месеци...незнам колку е оправдано вода не сака да пие многу, но од водата во која го варам овошјето потоа и давам па пие по малко...
И ние слично јадеме, т.е.пробуваме. Ама не ја ни форсирам, нема уште 6. Не напредуваме, денес малку, утре повеќе, задутре колку сака. Секој ден иста песна, се залетува на првото лажиче, па се кисели, па не отвара уста воопшто. Она што ми е битно, цица. Рано е за храна. Има време. Учи вкусови, учи да џвака, не е алергична. Додуша, се си мислам дека и кога ќе јаде ќе се молиме. Ама има време.
Свекор ми и свекрва ми имаат повеќе видови на овошје и зеленчук низ двор и бавча. Се важи тоа за здраво ? И да прашам јаболко на пример, миете, лупите, сецкате и варите? Колку време? И дали и тоа може да се готви на пареа? Јас сакам да мешам домашни и купечки, да јаде и такви и такви.
И моите имаат куп намирници кои ги одгледуваат, не ги прскаат, па јас си ги сметам за здрави или поздрави, бидејќи од ова здраво/нездраво време се е штетно и од воздухот, почвата, водата.. Овошје јас планирам свежо да давам. Но ти ако сакаш да го вариш и ти е од домашното да така, вариш додека не омекне и блендираш/пасираш, а ако го купиш добро е првин убаво да го измиеш, па некој час да го покиснеш во сода, па да го готвиш
Банана ќе изгмечам нели, праска, кајсија... ама јаболко, круша како? Може? И ориз обичен давате или тој еден во кутија што е бебешки? #101глупавопрашање
Ќе ги излупам и во блендер, може и малку вода за похомогена смеса.. Ориз јас ќе давам мелен од Холе ^^банана јас свежа дадов во старт, готова имав и на Хип и Холе, ама не ме бендисуваа па не ги дадов. Јас само со вилушка пасирам и тоа има и по некое мало грутче, мојов не се буни. Банана ни е омилена од 6те воведени намирници
Исто и нас ни е омилена од неколку те овошје и зеленчук.Јас тиквичката ја мијам ја лупам па пак мијам сецкам наситни парченца и ја варам со купечка вода Јана немам сеуште сад на пареа се вари омекнува.Ја гмечам со вилушка и ја правам по водлеста ставам една голема супена лажица ориз на Хип во прав мешам и убаво правам хомогена смеса ако треба додавам од водичето што варело и со сласт ја ручка.Баш денес тоа ручкавме Просо во прав на Холе по колку пати во неделата е дозволено да го давам со зеленчук или овошје? 6+ сме
Mojava jadese i denes od tikvickata10 lazicki od prilika i posle 10min.pocna da pisti za cicanje. Nazdravje....lakoma tvojava
Од 6+ ја воведов поради малку опаднатиот хмг. Прво ја воведов со готовите кашички на Хип за да видам да не има реакција некоја. После од Веро еве до ден денес ја зимам замрзнатата во кутија. Давав од 3 до 5 зрнца и до ден денес толку ставам во овошните каши (14+).