Компир и морков 2 дел. Уште подобро утре ќе направам компирче со млекце Од кога воведовте кромидче? Маслиново? Путерче? И ова по 3 дена?
Штом даваш зеленчук може по малку кромидче за вкус. Исто и путер или маслиново. Мене со маслиново ми горчеа кашите и престанав да давам,а путер несолен скоро секогаш.
Можеш слободно да почнеш со кромид, несолен путер и маслиново ладно цедено. Немаш потреба од воведување зашто не се алергени.
Президент му давам. Јас на 6 полни почнав со вкусови,таман проба се за таа возраст кога затвори дете уста и не сакаше ништо ни да проба. Правев,фрлав пробав со купечки и нив ги нејќеше. За месец и пол извади седум заби и кога почна убаво да јаде беше осум месеци. Затоа многу работи забрзано му воведував. Сега има тазе домашен кромид мислам и од 6+ не е страшно да проба многу убаво мирисаат кашите.
Слободно давајте се тоа е у први намирници , и лукчето дава посебен шмек , путерот посебно уз палента и мења вкус одма и во се друго , поубаво е со него .. На президент има несолен ,најдобар е ..
Јас сакам да купам. Никако да стасам да разгледам. Си гледала нешто? Мене Драгана ми го пиша 6+ и путерот и маслиновото. Станка не. Затоа прашав од искуство
Јас му готвам на пареа без блендер,многу е повкусно и убаво мириса. Има три нивоа,плус за ориз или макарони,ама само првиот дел го користам.
Цело зрно пченица од кога може да се дава и како се подготвува, треба ли да отстои преку ноќ? @sofi2107 мислам за ова пишуваше?
Мајки, колку да ставам кокосово масло ко за првпат? 11 + сме. Мислев да не давам, ама во последно време на овошните каши уста не отвора, па мислев дека ако ставам кокосово ќе и бидат повкусни. Вие што мислите?
И мојот почна овошните да не ги сака,педијатарот ми рече нормално било на таа возраст. Млечен да бил појадокот а овошје за ужина. Сега кога има свежо овошје лизнува од кашите ама му правам секој ден.
Гледав на нет во Нептун од тие големите, а комбиниран на Чико во Енци Менци, ама мал ми изгледаше тој.
Комбиниран ми се чини со краток век. Овој на манако може и за нас да се искористи. Компир за бебе, компир за мама и тато и сл