Урми од Веро зимам. После 10+ ги воведов. Оние во бело кутивче со најлон завиткани. Какаото на Био Космос органското 100% ( само знај бидејќи е чисто какао без ни 1% било каков додаток, органско, се става по пола кафена лажичка или скроз рамна кафена лажичка и горчи ) пред 10+ дадов какао. Место чоколино по рецепт на ( не паметам кој мислам Лолипоп ) ставав гриз со млеко, банана, жолчка ( не секогаш ) урми и какао, малку ц.цимет. Превкусно пробајте. Путер од кикирики кога воведовте?
Е тоа нема. Ама мене ми брка работа. На топлово и онака не чини зеленчукот да стои така. Спремам и пуштам да се готви.
Па искрено еднаш сум правела, и не можам нешто посебно да го проценам. Зготвен беше, ама нешто не ми остави посебен впечаток. Дадов петокот прв пат. Ја испеков на хартија со компир и кромид и малку маслиново. Ставив едно парче од опашката. Дете маф направи.
Од рибарница печена купувам,на почетокот околу 50гр сега повеќе. Му додавам компир,морков,лук и магдонос.
@Ano и @manako1 ,каква ви е неделната шема откако ќе воведете риба? мене педијатар ми кажа 3- пати телешко, 2 жолчка, 1 зајачко/пилешко/мисиркино. Едед ден зеленчуков. Тој сега со риба ќе се замени претпоставувам....
Па јас планирам два пати телешко, еднаш риба, еднаш петле/мисиркино/зајачко, два пати жолчка, еден посен ден. Ајде и јас да си прашам. Рибизли, боровница и слично од каде купувате? Во маркетиве само аронија, вишни, малини, јагоди има во моментов. Секаде барав веро, кам, рамстор, тинекс боровница никаде не најдов.
Од Веро секогаш со месеци зимам боровница замрзнатата во кутија плаво/виолетово. Секогаш стои кај аронијата. Ама незнам зашто секогаш мала количина им стига на кутии и одма се трошат. Па јас искрено секое сабајле кога идам да пазарам гледам, а начекам зимам секогаш по неколку кутии. Прашај ги вработенитр ако не, нека ти кажат кој ден им стига ( ја не сум заприметила ден ) или ако ти е во близина ќе ѕиркаш секој ден или секој втор ден. Аронија исто од Веро, малини исто ама еве сеа татко ми ми донесе од што сади домашни па веќе со нив ќе терам. Јагоди од Веро зашто уште немаме. Рибизла црна и црвена сеа ни донесе, а иначе купував од Веро. Све шо немав или немам само од Веро зимам, од Рамстор не.
Уфф да не те те излажам ама пред 10+ сигурно веќе јадеше ама со Хип кашичките ја воведов и така терав до пред некој месец. Сите овошки ги имав уште пред 10+воведено. Само цитрусите и лимунот после 11+ ги воведов. Кога во Веро ја начекав боровницата вака замрзната од тогаш ја давам ваква ( негде после 11+ мес ).
Благодарам утре порано ќе одам да видам што се нуди. Не сум начекала, затоа и прашувам. А се околу фрижидерите се врткам заради овие и нема. Ќе пратам ситуација штом викаш дека носат. Не. Првите денови да вкуси, а веќе наредните мешани. Фактички со нив почнав да давам цел оброк.
Денес му дадов палента од дм таа па и пола бананче па дете ич не ми ја бендиса се давеше и покрај тоа што не беше густа...не баш ја сака...А оривчето на хип и просото на холе го обожава.Јас воведов 3дена ориз па 3 просо и сега веќе му давам 2 просо 2 ориз или 3 ориз и се така...дека сега сеуште сме со ограничени намирници. Спанаќ 2-3 ливчиња сакам со ориз да му дадам недела да проба и тоа по неколку лажички 2 дена така ќе му терам