Никогаш не сум лупела и прв пат во мои 38г слушам некој да лупи вишна или цреша. Давај на дете да јаде како и ти што ги јадеш. Таман работа се кога и по цела рака му ставам да зема да ги лупам 20-30 вишни или цреши. Еве го 14+ и пред и на сред јадење и по јадење. Кога ќе завришти и почне да се тегне по шишето или да праи ... ммммм аааааа и отвара уста .... оди не му дади Давам кога и да посака од старт.
Палента купив органска на имуно. Инаку има на хип фрст корн, ама не е како палента. Ептен ситно е мелена. Ориз имав на хип, а сега на холе и на холе е многу поубав па би ти препорачала тој да го земеш. Најчесто после јадење. Ептен ако се затне (ми собира во уста) му давам голтка за да голтне и продолжи со јадење.
На свежо да, и големиот ми реагираше пред година, го повраќаше, башка спанаќот. А на варено не, и после година со свежо немаше проблем. Цреши не, вишни ако се свежи не, ако се смрзнати да. Оти кога ќе се одмрзнат, лушпата се дели и се лепи на непцето горе. А и замрзнати лесно се лупат.
@Annath не свежо, на пареа го спремав и тоа малце не многу . Ќе пробам пак ако реагира исто ќе го паузирам.
Денес прв пат готвев каша за бебо аииии Дадов вчера брокула, ај чиста, мешана со купечка каша морков/компир јок не ја сака и се изнервира. Па денес на пареа варев компир и морков, штета немав свежа брокула па додадов и малку путер и водичка, изблендав, бебе се изнајаде, некои 150г изеде сигурно Инаку вода давам по јадење, фино тоа 30мин по, ама бебе за 15тина минути штом се најаде спие Утре кајсија ден одлучив од сега кога ќе воведувам овошје да давам наутро, а зеленчук на ручек. Можеби е рано за ручек, пред 2недели доручек воведовме ама јаде и бара уште кога му давам, па не ми иде да прекинам..
И мојов сака тиква, а ја проба ти?? Мене ептен ми е безвеза на вкус па и течна, штета што не им е сезона..
А путер одма почнавте да давате? За во палентата ми е, ако случајно не ја сака со овошје, зошто на почеток нема многу избор за комбинации
Тука кажаа дека можело во старт, давале, јас прашав педијатар и ми рече откако ќе имаме оброк и ако не ми ги јаде зеленчукивите каши да ставам по малку. Денес дадов за прв пат, бебе за 4дена 7м Истото ми го рече и за маслиново масло..