Не, какво наеднаш. 2недели само воведував и отидовме на одмор, па таму давав доручек, кога се вративме доручек давам и околу ручек демек нов вкус да дадам, ама бебе бара да јаде количински, не се задоволува од неколку лажички, ни па од 50г, се лути и давам колку сака и така воведовме ручек
Ќе пројаде, па мојов ќе престане и се така во круг ќе си играме За комбинации ќе фатиш ред, па и колку имаме воведено тоа му е, ќе ги вртиме само додека не се зголеми списокот
Пишав баш вчера, чиста дадов само 2лажички, па мешав со компир и морков, ама вториот ден беше добитно кога ставив и малку путер, плус компирот и морковот готвени
Не воведував по 3 или 2 дена му ставав со воведено овошје/зеленчук.Пробај по 1 супена лажичка со топла водичка за ако мешаш со овошје а ако мешаш со зеленчук ориз или просо мешај со водичето што се варело..Само на блитвата ја фрлив водата исто и на спанаќот така ќе направам.Мојов со ориз или просо ми ги јаде еве денес така чиста круша не баш ми ја сакаше па една бисквитка ЛоБелло му ставив па некако ја бутна кашата Ние на 27.06 ќе правиме 7м
Драгана ми рече по 3 но јас еднаш дадов само две и денес само една за овој месец ипол па ете го дечко го следиш редовно со план сум 3-4 во месец дена ништо нема да му бидне.Не е секој ден.
Драгана ти даде и некпја каша да даваш Шала на страна, да не е многу инаку таман си е. Не може никогаш да не дадеме шеќер.
Мене Драгана ми рече можам да му давам златни пек бисквити, ова кога беше помал, знаеше дека давам на ло бело, рече покрај нив можеш и овие, немале многу додатоци како другите. Ама јас не дадов, тек од пред некој месец грицка од нив и тоа само дека мм ги купува за него па дечково ке начека и зима сам. Пре сум за ло бело или хип него за било кои други. Инаку ло бело со 5 вида на житарки не се благи како оние со банана или безглутенските. А, за понатаму има на хип без шекер.
Мајки здраво, бебе е 5+. Има пробано јаболче, круша, морков и тиквица. Во ред ли е наредно да проба банана и ориз? Кога треба да почне да јаде цел оброк ? Вака давам измеѓу оброците и по неколки лажички јаде. Скоро пробав дури и кога беше време за млеко да и дадам тиквичка ама не сака, плука и плаче. Денес исто со крушата, јаде кога давам измеѓу по неколку лажички, а кога е време за млекце, не сака. Знам дека е рано за воведување цел оброк, ама се плашам и во иднина да не остане така. Извинете за долгата објава и фала ви