Dorucek ne dadov, bevme ma pedijatar se poremeti redot, sega spie pa ke dadam rucek. Kompir, tikvicka i morkov. Rece smeam i grasok, karfiol. Ne sum vejke umna sto da pravam.
Карфиол и мене ми е на список Денес воведувам сладок компир. Најдов кашичка на дм со него и ќе заврши работа
Zedov svez karfiol, uste denes sme i utre so kruska pa ke dadam od nego. Sveza brokula. ne najdov pa zedov na holle posle karfiolot ke dadam brokula.
Има гадливи деца, тоа секако. И нормално е. Дури мислам дека скоро сите деца во некој период се гадливи. Ќе се научи и твоето да џвака, со тек на време. Иначе во принцип машките се погадливи од женските, тоа и во работата го гледам секој ден.
Дај слика од кашичката @mal.ecka мојава матична рече за 1.5м од воведување треба да има доручек и ручек, а за 1.5-2м од тие вечера. На 7м три оброка ми е туууу мач
@mal.ecka мислам дека е рано 3 оброка на 6 месеци. Обично на 6 се воведува прв оброк, на 7 втор, на 8 трет оброк. Минимум треба 4 недели од воведување на прво оброк до воведување на втор. Кја нас беше околу месец и пол и вечера дојде некаде на 9 месеци да воведеме. За доручек беше житарки и овошје, за ручек заленчук и месо/жолчка (кога ќе се воведе), за вечера житарки со млечен производ.
@mal.ecka мое мислење е дека за три оброка сте малечки Јас воведувам вкусови од 5.5м па од 6м и некоја недела доручек овошје/просо/ориз по 125гр.во 8-9ч.ако имаме нешто ново за пробување во 12ч.одприлика треба по 3-4 лажички и накај 16ч.зеленчик или со просо или со ориз околу 60гр..на 27.06 ќе правиме 7м и потоа сме на контрола.А меѓувреме ова и цицаме.Зборот ми е некако за некој намирници е рано а и за 3 оброка е многу за тоа мало желудниче.Јас и искрено се водам по бебето еве му дадов брокула мака мачевме 12ч.мислам му беше тешко...А му дадов блитва па мака немаше.Затоа и сама си пресеков реков брокула,карфиол,авокадо,пашканат ќе дадам со 7+ .... Мој совет добронамерен уште една консултација со друг педијатар...Ние добро напредуваме од старт и крвна слика топ и нема зашто да брзам...Цел живот ќе јаде ова што сега јаде и допрва ќе јаде.И јас би се збунила да сум на твое место зошто знам врсничиња ни се малите
Ние два дена пробаме јаболка ама малата не е баш воодушевена. и ете јас се разочарав. Дали е ова првиот знак дека ќе имам бебе нејадач?!?! Ете тоа сега ми влезе во мисла. Со дадата друго беше, одма почна да јаде и без проблеми воведовме цврста храна. А ова малово бебуле сега ми се прави паметна и јас во уста ставам она ми враќе надвор. Среќа немаше плачење, ама првиот ден се мрштеше а денес како игра да и беше. Не сакав многу да навалувам па остана со 4 лажички од кои двете сигурно беа на лигавчето. Сега за трет ден се фрла остатокот од кашата или?!?!
Готовите кашички отоврени се чуваат до 3 дена во фрижидер. Ако е во фрижидер цело време и ако не сте јаделе од неа директно со лажичка можеш да го дадеш остатокот и утре. Прочитај го упатството на кашичката.
Па да уствари, и ја и давам rice cereal, незнам зашто се збунив, може дека го замислив како цел ориз. Јас за појадок во последно време и давам овошни јогуртчиња, ги обожава. Исто и праска/кајсија може да дадеш. А сладок компир и давам само купечки. Обично сама ги правам кашичките, имав направено и благ компир ама колку и да додавам вода компирот впива и на крај кашичката испаѓа густа, па се откажав. Не мора да значи, може јаболката е покиселка или нешто. Пробај дај морков следно. Морковот е благ и обично деца го обожаваат. Пример мојата обично јаде се ама круша воопшто не сака. Првиот пат кога и дадов ја изеде ама после тоа една недела не можев да ја натерам уста да отвори, па дадов банана зашто знаев дека банана ќе сака, па така ја заборави крушата и почна пак да јаде.
И јас почнав со јаболко пред некој ден...малата не беше воодушевена и првиот ден 2 лажички едвај и ги бутнав, вториот и третиот ден по некое лажиче плус лапна ама не и беше по кејф...вчера и денес како втор вкус морковче дадов, го обожава, уште бараше...така да не се секирај можеби не сака јаболче... инаку давам готови кашички за почеток, отвараш тегличката, ќе извадиш неколку лажички во друго тањирче, тегличката ја затвараш и во фрижидер, втор ден исто, иставаш неколку лажички и пак во фрижидер, а третиот ден колку сака од остарокот од тегличката да дојаде...ако остане нешто третиот ден фрли, мислам 3 дена отворено може да стои