Мамички имам купено ваква кашичка прашањето ми е дали се приготвува само со адаптирано млеко како што пишува или има и други начини, со зеленчук/овошје, вие како сте давале?
Ако не се лажам на сите на нестле пишува со ад, ама јас подготвувам со вода. Не гледам штета ако е подготвено со вода.
3,4 пати во неделата давам месо пилешко или телешко. Урда комбинирам со палента највеќе или со печена тиквичка, компир, морков и кромид, потоа како намаз со жолчка и к.млеко или јогурт за со лепче. За ручек комбинации без месо: ориз со спанаќ или без, кромид,морков; печена турлитава од зеленчук кој си го воведела; супа од морков,компир,брокула,карфиол; пире од компир со к.млеко или урда. Не знам што имаш воведено.
Ние досега само јаболко и морков имаме пробано. Денес втор ден морков, ама нејќе уста да отвори Сакав да прашам, пошто јаболко веќе воведов, може да и давам по малку секој ден додека пробуваме морков, така? Не и ги мешам, се разбира, ама да си лапне (уште не знае да отвара уста убаво, едвај 3-4 лажички и се фаќаат од јаболкото). Планот ми е кога ќе завршам со морковот да и дадам мешано морков и јаболко, имам таква кашичка дома. Ако веќе воведеното не и го давам редовно, се плашам после да не не го јаде. Грешам ли? Некако тешко ни оди, или па јас сум нестрплива, сакам одма уста да отвара За некој ден правиме 5 месеци инаку, а совет од педијатар беше после 4 да почнеме со дохрана, иако јас почнав пред 5 дена. Значи прашањето ми е дали континуирано давам по малку секој ден од веќе воведеното, додека не пробаме се што треба за да воведеме цел оброк? Читав оброк би се вовел некаде после месец од почнувањето со вкусови, ако не се лажам. Срам несрам, да си прашам, се извинувам ако делува глупаво прашањето
@ivast Јас ја спремам со вода. Ја комбинирам и со овошје и со зеленчук. Заборавив да напоменам па да се редиктирам настрана блендирам овошје/зеленчук па потоа го додавам во веќе приготвена каша од оваа од нестле, и ги мешам со лажичка да се соединат. Исто и со кисело млеко ја комбинирам.
Мм вика многу била калорична палентата. Он ја дојаде Па ми текна да прашам - како мериме калориски внес? На пример, не е исто дете да изеде 100 гр праски и 100 гр палента или ориз. Бебе апна 90гр од кашичката со бататот. И се погоди и си надомести сабајле што изеде помалку Ќе и дојде и вкупно повеќе од просекот. Ваљда ќе спие добро сега Утре карфиол. Ќе го правам со оривче, морковче, тиквица, а мислев да ставам и малку кромид за прв пат. Може така и карфиол и кромид од еднаш? Јас знам кромидот има антихистамин и е природен лек за алергии и логика вика дека може, ама кој знае. Што е попаметно?
Мислев дали да чекам да наполни 6м или да почнам на 5ипол. Дадов сабајле јаболче. Лапна две лажички се на се. Од 5 извадени во тањирчето имаше да пробаат и бебе и мама па и кучето (рамноправен член ни е) . Сега фалете ме или карајте. Да знам за утре @Sexybaby86 Јас колку што знам на почеток се само вкусови, значи само морковчето а не и јаболко.
Ние почнавме на 5.5 м со вкусови и ги терав со по 3 дена само тие понатаму што воведов ко ориз просо паланта по два дена му ги давав...И му давав наизменично зеленчук 3 дена па овошје 3 дена.И откако ги вкуси сите што ми беа наведени од педијатарот тогаш почнав да му мешам по две намирници.Така се до месецот...па потоа оброк кој сега ни е 125гр.овошје со ориз или просо и накај 16ч.зеленчук со ориз или просо или палента...Секое дете е своја приказна.Како педијатар кажува така прави мајка
@Sexybaby86 исто и мојата, едвај го вкуси морковот, а и од јаболкото не беше воодушевена. Утре пак морков ќе давам. ќе.видам како ќе е.
За да се запази препорачан внес на калории има водичи колку храна отприлика треба да изеде бебе од секој тип на храна (месо, млеко, житарки, овошје, зеленчук и слично). На линков имаш еден пример: https://www.healthhub.sg/live-healthy/1227/baby-getting-ready-for-solids. Количината е мерна според калориска вредност на намирницте претпоставувам. За житарки и месо јас сум некако стрикнта сеуште на 2 и пол, години овошје и зеленчук не мерам. Незготвени житарки мерам 2 лажици, зготвени четири до пет. Месо од 40 до 50 грама дневно (кога почнавме бепе 30 до 40 грама). За поголеми деца има слики најчесто:
Простудирај мене ми е супер водич. Мојот едно време почна нагло да кажува килажа па за да контролирам внес на калории педијатар ми рече во ручек да не ставам ориз или компир туку скробни работи да останат само за доруќек и вечера. Ете така некако се контролираат калории, пак се гледа како напредува бебе/дете и по тоа се оди.
Да смениш ритуал на хранење? Време рече ќе мењаш, па смени ли?? Да пушташ цртани и ти, јас ич не го сакам моментот ама дур се разјаде немам друго чаре, после само отвара уста и чека.. Давај топла храна, погуста, го даде оризот?? Епа со ориз згусни некоја намирница, морков, кромид.. додај и несолен путер малку. Експериментирај и пробувај и ти дали ти е ОК Викаш не иде со овошје јас само со овошје ја давам досега, мене па со зеленчук не ми иде, а заправо не сум ни јадела претходно за да знам ама вака ОК ми стои битно ја јаде, мани ненаоѓа Денес прв ден карфиол, е многу вкусен богами Ве читам колку количина ви јадат и страв ме фати да не го прејадувам можно е?? Ама отвара уста што знам, кога не сака плука, врти глава.. Нема мака со меше, не повраќа, си искача во вц редовно..