Јас зедов на Чико, капачињата се завртуваат, пластични се цели и се редат едно врз друго, 980ден мислам да беа, 3садчиња се, две од 180мл и едно од 300мл. Во големото јаде, а малите како мерица ги користам, бидејќи јаде повеќе @duffi https://www.encimenci.com.mk/konte-ner-za-hrana-chicco-76580000
И денес ништо од морковот... нејќе па нејќеее... ќе си пукнам од мака. Ај утре слива... па да видам дали ќе сака. А и вода не сака. Колко ми беше лесно со дадето кога воведував цврста исхрана, се си јадеше. И купечка и домашна каша, се обожаваше. Ете и до ден денес супер јаде, да ти е мерак да и спремаш. Е она јадеше со занимации, песнички на лаптопот, па се грижев дека лошо сум ја научила ама се покажа понатака дека не е некој проблем па се научи да јаде и без занимации. Ете веќе 4 години е па кога нема песнички си јаде без проблем, во градинка , кај бабите си јаде без да се сети на песнички, а дома кога како, баш вчера побара на моб да си гледа додека јаде. Зборот ми е, ако јадат со занимации не значи дека се ќе е така. Ех ова сега бебулето да ми јаде со песнички најсреќна ќе сум, ама се гледа дека не е баш заинтересирена за лажиче, она го љуби цицето повеќе.
Втор ден јаболко. Мислиш лимон му дадов . Летавме авионче со лажичето и успеа да голтне нешто. Ми текна вчера на муабетот за занимациите па среќа што не пишав мислење (за помалку од 24 часа се смени ) Туку како ги загревате кашичките кога вадите од фрижидер? И водичка превривате за одма колку пие и истурате па наредно пак превривате?
@Minnie-e јас го полнам клунчето и до вечер од тоа пие. Фрик сум и јас, ама она по малку пие и кај ми е крајот ако везден вријам и ставам вода. Денес добар денов убав појадок, а уште подобар "ручек". Воведувам карфиол. Да не и давам само тоа смешав карфиол, тиквица, морков и компир. Бебе задоволно лапна пола оти мама реши доста е Утре планирам истото да и го дадам, може и путер да ставам? Колку?
Кашичката ја оставав едно 15тина минути надвор и давав, иако мојов и ладни ги сакаше. Вода менувам/дотурам неколку пати дневно, ставам по малку бидејќи му давам сам да пие @kukla21 малку стави, одма дава инаков вкус
колку да се рече, малку, одма го менува вкусот. И кога ставам маслиново буквално капнувам 3капки одма е друг вкусот на кашата.
Мајки правите ли супа?? Јас сакам да му направам супа со водичката во која се варело пилешкото мевце. Па ме интересира какво фиде користите?
Денес втор ден тиквичка, бебе ја сака и тиквичката. Си лапкаше со сласт, туку многу блуткава е вака само тиквичка, доволно ли се два дена? Утре нешто друго да дадам може? Некако ова со 3 дена една намирница постојано ми е на ум. Сите намирници по три дена ги воведувате?