Јас баш давав четврт јајце во четвртокот, со авокадо, банана и малку палента. Кисело млеко уште немам воведено, а и така знам убаво оди.
Ауу таква ли е работата! А јас живи радости бев дека ја јадеше. Има ли и некоја друга таква? Денес пак морковче, едвај 5 лажици!
Го има ли некој готвачот на пареа+блендер на Авент Филипс? Многу е скап па би ми значеле искуства, оти ми фаќа око. Исто и на Чико го гледав, ако некоја од вас го има, нека сподели како е задоволна. Поевтин е, па доаѓа во предвид. И овој е готвач+блендер ако не грешам, така?
Јас го купив на Чико, ама уште сме на вкусови од готови каши па не сум го пробала. Денес морков ден . Баш пробување беше, ама го пробав и јас и некако дури жал ми беше да му давам. Можеби зашто и онака не обожавам морков. Вечерва патуваме па за утре секако ќе треба нова кашичка да отворам. Може ли морков со јаболко место чист морков?
Mene zal mi bese da dadam brokula na hip. Sveza ne najdov, ama ovaa jas nemozev da ja podnesam. Bebe lizna 2-3lazicki. Da ja dadam utre so malku kompir mesto cista?
При воведување нови вкусови може да се прават комбинации на новата со веќе воведени намирници Пр јас брокулата кога ја воведував бидејќи бев сто милиони посто сигурна дека нема да ја јаде ја измешав со круша. Исто направив и за тиква бидејќи сега не е сезона на тиква мислам дека купив готова каша од компир и тиква.
Мешај! Јас еве и карфиол воведов и чист не дадов, што вкус ќе има.. брокула едвај чиста дадов, кашичката да крш беше, ама јас најдов и свеж па на пареа топ бидна
Јас го имам филипс авент 4 во 1, ама и ние скоро почнавме со вкусови па дали 3 пати го имам употребено за сега многу е едноставен за употреба.
Вкус бр.4: банана. Два дена со сласт си јадеше. Ама два дена никако да се искака а гледам се стега, се напрега, па сакам утре слива да дадам, ама само слива нели без шеќер нема, барав органски суви да дадам ама овој Охрид наш ништо нема да дадам од хип со јаболче мешана или? Незнам за столицата друга намирница дали ќе помогне, тиква на пример?
Искрено чиста брокула на хип толку одвратно мириса, што незнам како ја јадат бебињата. Најдобро ако најдеш свежа да дадеш. А ако немаш, подобро измешај ја со нешто друго.
Мојава ја јадеше следно свежа ќе и давам кога ќе имам доволно намирници воведено за комбинација. Не сакам брокула ич, па мислам треба да ја маскирам за бебе. Тато секој втор ден ваеи брокула. Демек од тоа не белеат влакна
Јас па ја сакам и не обарена повеќе од обарена. Или ептен малку во топла вода. А ова за белеењето не го знаев. Ќе ја конзумирам почесто зошто почнав нагло да обелувам
Кога даваш банана, не давај скоро зелена. Давај зрела, убаво зрела, да има црни точки на кората, така нема да има запек. Може да дадеш мешана каша со слива.