Е тогаш не знам дали е од кашата, никогаш не сум дала готова каша од банана, па не знам како делува на столицата.
На пареа ја прави. Колку да ја фати малку и одма под ладна вода. Може бебе на тато метнато ќе јаде. Јас давав банана на хип. Мојава е какалка. Гајле немала до сега. Дај и слива мешана. Јас така и дадов. Во деновите кога јаде слива револуција има во мешето.
Да си пишам и тука. Ние сме 5+ пробуваме вкусови до сега пробано: Пашканат, Тиквички, Јаболко, Круша, Тиква, Слива само мешана му дадов со јаболко и тоа два дена само, Морков и бел и портокалов по два дена давав, И моментално банана. Бебе кога ке види храна од прв ден се радува и отвара уста ама не јаде повеќе од 30-40 грама. Дали јас сум крива зошто на почетокот го прекинував нели нов вкус по малце, веќе втор ден давав колку сака. До сега само тиквичка чиста има изедено 120 грама домашна спремена. Со морков не ја сакаше. Сега прв ден давам чиста намирница втор ден мешам ама не повеќе од две толку имаме избор за сега. До сега не се замарав што не јаде повеќе ама веќе мислам дека е време за оброк. Да воведам житарка(просо или ориз)? За две недели ке има 6м. Се мислам прв оброк да воведам ручек, а наутро вкусовите да останат да пробуваме.
Дечко мој не ги јаде купечките зеленчукови каши, овошје јаде ама зеленчук јок, првин мислев дека е случајност ама еве трет пат одбива купечки. @kukla21 ја дадов кашата со батат и пашканат ја плукаше, ај ја потстоплив, путер ставив, јок, па му дадов домашна и си јадеше. А таа благата со батат ја изеде без пардон @Chantal јас би почекала и од 6+ би вовела ориз, просо. По нашиот педијатар прво доручек се воведува, значи 2недели само си воведувала, па сега за доручек дали чисто или смешано давај, околу ручек или до 13ч најкасно дај нов вкус. Јас само првите 2недели воведував по 3дена, потоа по 2.
А глупа колку сум да знајш рецепт побарав а ц.цимет не ни имам дома Инаку за дунде можеш да и направиш ако имаш цимет дома, неколку дена се во прашање и не е страшно
Па 8+ месеци јас ке го воведам (а и мислев 8+ дека е), тогаш и млечни производи ке воведам како к.млеко, млечен производ е путерот затоа..