Pa mast, ne se voveduva so mlekoto i ne se racuna kako mleko. Se stava isto kako i maslinoviot. Maslinki isto se davaat pokasno a maslinoviot vednas, nali?
Овој рече Емка. Внимавај само многу малку се разликува од солениот. Долу во ќош пишува дали е со или без сол.
Путерот тој на Президент, циметот еве го, едвај го најдов, колку се во ДМ беше испомешано @mariz двајцата педијатри кои не водат ми рекоа од 6+ може, кога ќе почне да јаде зеленчукови каши. Како вас ве советува вашиот педијатар така терај, не ретко добиваме куп различни совети и насоки. Гушки до Тео и побрзо да мине
дали некој од вас пребарувал за состав на путерот , пошто на интернет пишува убаво , а и на некои путери, убаво е назначено дека е млечен производ..е сега минимално или не , битно има такви состојки , не штетат
Така е.. правен е од пастеризирана павлака. Еве баш на овој дома што го имам 84% е млечна маст, 16% вода, не смеам да го давам на малиот и кога правам нешто благо за него, правам со кокосово масло или маргарин. До душа на малава кравјите протеини и се воведени со адаптираното млеко, но сепак си почекав 8м за да воведам к.млеко и путер (пусти страв) Само не сум слушнала дека 6+ веќе советуваат да се воведе, од секогаш сум знаела дека путерот е 8+. Секој различно...
Ние големава со 10 месеци ја земавме и уште немаше воведено путер и маслиново па го воведувавме ние На малава се надевам порано да ни кажат да воведеме оти вака блуткави зеленчуковите каши нема да ги јаде. На 3.07 ќе прави полни 6 месеци.
Нема потреба од така строго чекање, ако немате историја вие со алергии не е проблем. Од маслиново, кокосово и путер не може ништо да е
Абе види ги @Poppins @wannaBeMomma не се расправајте, со мама си се поштуваме ама за ова не се согласивме, различен став поради тоа што различен педијатар различно советува... Ете и тука повеќето едни 6+ викаат, едни 8+ дека е путерот. Никој од ракав не вади, сепак тоа е препорака од педијатар... терајте како што ви кажале
Јас за исхрана не се консултирам со педијатар. Повеќе гледам од овде како прават повеќето мајки. Во фамилија алергија има само на јагоди и какао, така да со тие намирници ќе бидам попретпазлива. Имам една табела и горе долу таа ми е водич. Фала богу до сега никакви проблеми не е имала малата. Путер на 6+ дадов и давам секој ден.
Ни јас се немав консултирано со педијатар за дохрана, следев статии, препораки, разни табели, совети од други мајки... Пред 3 години и јас воведов путер 8+ месеци. Кокосово не ни воведов, а ручек јадевме со репкино масло па многу покасно и со маслиново. Памтам една мајка од Шведска кажуваше дека кај нив педијатрите препорачуваат грашак од 6 месеци, друго истражување дека кокосовото ако се користи често може да направи алергии. Поради различните препораки кој како смета дека треба нека воведува, само да нема големи отстапки. Џабе убедувања и докажувања чив педијатар е повеќе во право. Инаку путерот иако е маст, се рачуна за млечен производ.