Истото и мене ми го кажа педијатар, а гледам многу го воведуваат меѓу првите намирници периодов.. Кога воведе авокадо ти? Знам дека е стар постов ама да си прашам
Вчера и денес слива со јаболко. Сакав само слива домашна да му направам ама мислам нема да ја јаде така кисела па земав слива со јаболко на хип. Ставив третина кашичка во тањирчето (со намера и за мене да остане )ама бебе се си излапа. Па ме фати страв да не му е рано да јаде толку. Да му давам само по неколку лажички или колку сака?!? Иначе вклучив и една играчка па си седи мирен. Прееска му ја тргнав малку, да видам да не јаде заради играчката ама не било до тоа.
Супер. И мојата ја бендиса таа кашичка јас давам максимум фо 1/2 кога се мешани кашичките. Дел им е познат продукт, другото зависи и колку е застапено, горе-доле таман е.
Какво утро Спремно оривче холе, крушка, јаболче и слива. Дете изеде 40 и се налути не сака Ај и дадов тоа што остана од крушката во теглето, ај од сливата со јаболче и дете се изнајаде Од утре и ручек ќе воведуваме. Докторката кажа може сите житарки веќе, мешункастите зеленчуци, лук, кромид. Од овошје диња, лубенче, авокадо, цреши и вишни. Млечно може. На ова ептен се озрадував.
Ние многу од овие работи по еден месец здравје ќе пробаме. Биди внимателна со лубеницата и дињата (познавајќи те од форумов, не дека нема да бидеш )
Јас почнав пред една недела со дохрана,бебе за 2 дена ке има полни 6 месеци.Дадов прво јаболко хип, па кајсијa хип, и денес слива домашна на пареа.Го однесов на педијатар и ми рече 2 недели да давам овошје наутро секој ден поголема количина,секој вкус по 3 дена,првиот дел помалку па да зголемувам постепено, после две недели веќе треба да има воведено доручек од 125 г како малите кашички, за зеленчук ми рече после тие две недели да давам на пладне по малку, ми рече компир и ориз не мора да се вивоведува по три дена дека зеленчуците обично не се алергени, исто две недели да давам како втор оброк да пробува се додека не дојде до 125 г изедена каша и тогаш се рачуна воведен ручек.После тоа ми рече вечера исто 2 недели житарки со овошје и месо по 50 г преку еден ден во зеленчуковите каши да додадам и да почнам да му давам вода од чаша.Ми рече авокадо,киноа и амарант после 10 месеци.Бебето јаде ама не кака, почна да кака на 5 дена, а само на доење е. Кајсија,јас дадов од хип и бебе на два пати ја изеде.
Ехее супер, сега комбинации милион колку време помина откако воведе прв оброк? Изгледа она со барем месец растојание измеѓу воведување на оброци врска нема а? Значи и глутен ќе воведуваш...некоја шема ти кажа за тоа? Исто и за млечните производи, некако посебно се воведуваат или? И што ти препорача од нив да даваш? Извини на олку прашања, малку пред нас сте и некако убав репер ни сте btw дунде колку направи?
Кајсијата на хип е со додаден шеќер, па можеби затоа бебе толку ти ја сака, земи си барем комбинирана со друго каде што нема додадено шеќер.
И мене Станка уште на 7 месеци ми кажа дека може лубеница и диња. Јас кога наполни 8 и дадов прв пат диња и цел ден плачеше и се грчеше како да ја боли стомаче. Се сомневам на дињата, така што после тоа веќе не и дадов и не планирам во скоро време пак да понудам. Сепак, ова е индивидуално искуство.
Јас до сега имам дадено по овој редослед: јаболко, морков, тиквичка, банана, слива, тиква и денес круша.
Банана @Среќичка нели вие поголеми сте? @Tahitiana дунде е 7 месеци. Од кај 10ти јуни горе-доле јаде скоро оброк. За глутен вика нема потреба да се оптеретувам, да си давам без гајле. Мевцето сум го испуштила. Секој втор ден 50 гр За млечни ми рече посебна шема не, ама може јогурт, к млеко, урда (несолена) и моцарела. @Ambra20 планирав да и дадам малкуцка во оние што се за ужинка да се шлапа. Каши и сл. Не ми иде да правам со нив. Млечно даваш? @macalavica на секои 2 недели оброк ми звучи на совет од извикана докрорка од ремедика. Греотка е
Д Да, ама некако подолго време бебе имаше грчеви и ми е страв да давам намирници што има шанси да прават грчеви