Таков е ставот на докторката. Знаев дека е она затоа што и од други го имам чуено. Дури и кај прематурчиња. Мојава е 8500, па никој не ми рекол да и давам повеќе да јаде. Терај си како мислиш. @Poppins цел живот ќе јадат. Нема возбуда, само што ми се олеснува работата кога има повеќе намирници.
Ако сакаш бисквити да дадеш подобро дај на Хип или Лобело безглутенските. Може со ад да ги даваш. Мислам дека на 7+ ги дадов
Праска е прва намирница што бебе ја штрајкува. Се потресува дури кога ја јаде и и иде нагон на повраќање. Пробав и од кашичка и свежа (т.е. обарена). Ист ефект Утре немам идеја што да давам. Ако купам денес органски бејби спанаќ тоа ќе дадам. Ако не, појма немам. Некој предлог?
Мила мислам дека нејзиното е мало. Иначе знам дека има, да. Баш пред некое време прашуваше некаде за оние инстант кашите со житарици дали даваме на бебе 4+ па од таму муслам дека бебето е мало и не може да јаде од глутенските. @queen007 ова се тие бисквити безглутенски. Другарките од фемина се овде за да те потсетат
Безвеза ми се тие кутиите Овес дадов од тие снегулки шо јадам јас. Просо и ориз зедов од холе. Ко безвезе се. Ориз сега давам од онај шо ние го јадеме а просо ако планирам да дадам ќе купам просо обично а не инстант од тој инстантот не сум дала цел месец
Можам ли тиквица да дадам? Педијатарката не ми ја наведе на листата, а гледам многу од вас уште на почеток ја воведуваат. Бебе инаку е 5 месеци, а досега имаме воведено јаболко, морков, слива, крушка и праска (уште ја воведуваме). И дали можам да давам оризова и пченкарна каша на хип? Знам уствари дека можам, ама немам идеја со што да ги комбинирам, а и во кој период од денот би ги давала? Некако ко за навечер ми се, исто и онаа ноќната кашичка со јаболко што е. Сабајлечки може место нов вкус од овие да дадам?
Јас мислев дека лобело се безглутенски, без да знам дека има без и со глутен, си купив од Еурофарм и читам дома глутенски бисквити. А таа во аптека ме праша обични ило со банана да ми даде. Нареден пат без глутен ќе земам, да ги проба и тие. На хип мене ми се поубави од Лобело.
Кутиите се без везе оти треба да се потроши за 3 недели ако не во канта. Па секој ден ориз да и давам пак нема да потрошам цела кутија. А греота да се фрли, има луѓе што не можат да купат. Сега се мислам да ја поделам со некого ама немам бебиња во околина. Едит: тиквичката втора ја дадов после јаболкото ама не ми ја бендиса Недка. Па и нема некој вкус така "гола".
Можеш тиквица да дадеш. Најверојатно ја испуштиле. И таа е во првите. Мене лично ми рекоа кајсија и праска да дадам, ама да ги оставам за при крај од воведувањето. Мене оривчето на холе со се ми оди. Има вкус на ништо, па само енергетска вредност додава Пченкарните продукти сум ги дала со овошје, ама ич не ми одат. Со тиква некако "се јаде"
И мене ми се безвеза кутиите. Имав 2 до пола и ги фрлив оти така стоеја 2 месеци. И реков не купувам веќе ама пак купив од ориз,просо и пченка. Вчера во зеленчукова манџичка ставив за да згусне и малата со сласт си ја изеде. Мене не ми беше вкусна.