Не он одсекогаш си имаше мака, на 3+ почнав со масло од репка во првото млеко по капка две по препорака од педијатар и таман се регулираше сега пак. Ставам и деновиве исто капка масло во првото млеко ама ке почне малце и прекинува. Го приметив се стиска дека тврда столица. Другата недела сме на педијатар се надевам нема да морам порано да трчам да молам да не примат.
Едвај чекам, за цреша и во искушение сум да дадам, имам и свежи и компот си направив планирам 6+ да дадам Ова не било за мене
Точно е дека така шишува на кутиите. Јас имам од холе ориз и просо. Ориз давам на пет дена а просо на три и не можат да се потрошат за толку кратко време. Јас не ги фрлив, ги потрошив до крај, помина долго време ама не видов некоја промена, незнам зошто така пишува. Сега отворив нови и немам намета да ги фрлам. Грешам ли?
Крушката најмногу ѝ правеше запек на ќерка ми. Јас би дала само слива, секогаш е подобра опција за добра столица Од житарициве подобро просо, поубаво оди со овошје. Да е млечна кашата би припазила на рокови, ама вака само дехидрирани житарици може и подолго да стојат. Не се оптеретувај. Производителите мора да се држат до одредени стандарди кои се наметнати од институциите што ги контролираат, па така за таков производ мора да стават толкав рок на траење. Исто како за адаптираното млеко, и тоа има рок три недели од отварање.
Моево, пишав и претходно обожава просо. Како му се радува и писка кога го јаде, мераци (пиленце на мама) И секој дрн кака по два пати  а претходно мака мачевме со запек. Просо со слива и (или) круша. @stevemila имаше пишано дека палента и помогнала на Дариа пред некој месец. Штом има запек поретко давај ориз, банана и морков.И течности да пие.
И јас кутиите житарки ги чувам по повеќе од три недели. Немало проблем. Како ќе се продаде повеќе, ако не натераш човек да фрли. За млекото внимавам, евентуално некој ден плус од рокот, а за овие подолго. Кај нас и тиквичката помагаше за олеснување.
Да? Епа тиквичка да правам денес. Нешто такво ни треба на нас, зашто дури и таа слива со јаболко не помогна којзнае колку. А крушата каков ефект има?
Млеко се изнафрлав и јас Аптамил, немаше шанси да допие за три недели, дека само еднаш дневно по 150 давам. Затоа сменив на хип (дека две посебни паковки) и со оваа доза што ја пие таман трошам за 3 недели.
Јас му спремам и кашички со ад за да го дотрошам. Почна хипп от да не го сака да го плука, само ова го прифати
И моето бебе има промена во столицата,еве веќе 4 ден нема столица,вчера дадов слива на пареа без лушпа не се искака, денес дадов варени со се лушпа блендирани, и уште ништо.Меко му е мешето, не се напрега ама пак ме загрижува.
На мојава откако почнавме со вкусови само и стана поцврста столицата и проретчи на 3 пати дневно. Претходно додека беше само на доење какаше по 7-8 пати Единствено од јаболкото кога изеде малку повеќе еднаш само се искака дента. Инаку бебе и праска сака, се разјаде Вчера пола тегличка мавна јаболко со морков, цела да и ја дадев, цела ќе ја изедеше После колку време од почнување со вкусови треба да има оброк? Кај нас има 2 недели како пробуваме, гледам бебе е спремно да лапка, ама не форсирам уште оброк.