Дунде изгуби форма почна да станува во нестандардно време кога стана вакво времево и никако ред да фатиме Доручек гриз на хип (без глутен) со сува кајсија (варена) и печени јаболче и крувче. Стаса до кај 90че и се откажа. Заспа жалејќи се. Прв пат ручек. Компир, морков, брокула, карфиол, телешко, кромидче и маслиново. Јас ептен го бендисав на вкус дунде отвораше уста 50тина грама и толку беше. Пак заспа. Не ни иде деновиве
@kukla21 како бе не ви иде, арнк сте! Прв ручек 50гр ти е скоро пола каша, еми за првпат арно е. Утре повеќе. А месо прв ден ли ви е? Ние денес пак истата комбимација од вчера мала праска, 1/4 јаболко и сокче од круша. Лапна десетина лажички и толку,стегна муцето. Далеку сме од оброк. Инаку потечни повеќе ги сака, @fana по твој совет пробав течни и има ефект. @Sexybaby86 даваш купечки или и ти и спремаш? Ај утре банана ќе давам!
Давав од водичката на варено месо претходно. Сега мевце. Ми рече 50гр докторката, јас пола ставив. Ми се виде многу. И мојава потечни ги сака. Не јаде, туку го усисава јадењето од лажичката.
Денес телешко мевце прв пат. Бебе се си излапка умна мамина девојка @snegulkata баш ми е мило декаа помогнав
@snegulkata кога пробуваме и давам купечки, а тоа што ни е веќе воведено гледам дома да и правам. Само јаболче домашно сварено не го сакаше, а купечко да, па затоа за прво давање давам купечки. Мада и денес и дадов кашичка на хип морков со јаболко и се утепа од јадење. Деновиве повеќе на купечко терам, се спремаме за крштевка и во трчање сум цела недела, ама кога можам дома и спремам.
има ли одговор на ова прашање не успеав да најдам. и мене ме интересира каде може кај нас да се најде органска храна. Во Скопје го знам само тоа продавничето кај катастарот. И дали кашичките био од хипп ги има насекаде, Охрид например?
Денес добив совет од педијатарот тие намирници брокула,карфиол,грашак,боранија,лубеница,диња и сите други што манифестираат гасови може ким да се стави некое зрнце или водичка сларена од ким.Не сум пробала незнам каков вкус ќе имаат кашите чисто да споделам со вас може некоја мајка ќе примени
Да сите Хипп се био. Има во Зегин, низ маркети. И Холе во Зегин. Скоро разговарав со нивна претставничка која се имаше вратено од фабриката на Хипп. Т.е имале цело нивно селце за производство. Беше воодушевена.
баш супер! ние изгледа во Македонија ќе треба да воведеме исхрана и се мислам за тоа што немаме домашно подобро био кашички отколку сомнителни свежи работи :-/ друго се во ЕУ регулациите што значи органско, а кај нас којзнае кој и како проверува. Се мислам да ставам во куфер некој благ компир . Само како беше уште со шеќерот, имаат ли некои од нив додадено шеќер? Ќе прочитам пак за кашичките повеќе во таа тема
Јас купувам од тоа кај катастар и нарачувам и од Беорг. Беорг се доста поскапи во однос на продавничката од кај катастар. За тоа колку се стварно органски, ми останува само да им верувам
Да некои имаат и сол и шеќер. На тоа ќе внимаваш. Си пишува на декларацијата. И мене ич не ми се од верба нашите био продукти, не знам на што да се потпрам. Па за почеток би почнала со Хипп.
Само не се нервирај. Знам дека сакаш се да е како по книга, ама за жал со бебуши тоа е невозможно. Ќе менува на спиење, па ќе почнат заби да вадат, па скок во развој. Се ова ќе влијае на јадењето/нејадењето. Еве синко последниве две недели некои денови станува во 7:30 па доручекот е околу 8, ама има денови кога се успива до 8:30, па автоматск и доручекот се пролонгира. Исто и со дремките некогаш се успива по повеќе од два часа, па станува 12:30 па касно е млекото, па се поместил ручекот. Претходно заби вадеше, па јадењето, особено ручекот беа со молење. Среќна бев ако стигневме до 100гр, а сега и по 200 ги јаде. Ни останува дамо да се трудиме да задржиме некое нормални рамки.
Каде поточно се наоѓа таа продавница кај катастер, ми треба за бебево органски производи, поради алергијата
Јас купувам органско ама сум со резерва некако. Како да знам дека производот е тој што е во сертификатот, а не од друга нива. Знаеш како е во македонија Кај вас нели може да се најде убаво, домашно, непрскано? Еве и овој димитар (вториот од Амбра постот) и оние кај катастар покажуваат сертификати, ама јас ако лично не ги знам се ми е со збак ?.
Е баш тоа. Колку кај нас се проверуваат овие сертификати или им ги дават на ,,лепе очи,,. Немам од каде , имам другарки кои се занимаваат нивните со производство ама сами кажуваат како е и колку се третирани. Ми ветија од ,,нивниот,, дел кои си го садат за дома. Ама на тоа не можам да се ослонам. Уште кога садат посебно за нив и за продвање, замисли со што ли не се третираат...