Оди, ако ти јаде морков. Може е во право @wannaBeMomma прво компирче да воведеш, со него полесно се прават комбинации Најдобра комбинација и сооднос на кајсија има. Го пробав и вкусно беше
Холе. Сакам утре вишни да воведам. Сакам во редовниот оброк кој ќе и го правам да додадам вишни, неколку колку за проба (да ми се важи ко пробани 2, 3 лажички). Колку е доволно да ставам? Треба да се лупат?
Мислам дека не праќаат по карго и кај нив се подигнуваат производите само во среда од 16-18ч. (што е малку незгодно за секој). Инаку јас сертификат не сум им побарала, но провери на нивната веб страна може има. По производите се забележува разлика со куповните (пример, такви моркови како нивните -криви, вплеткани, со јак мирис на морков јас до сега во продавница не сум сретнала никогаш).
Купив органско просо од Зегин ама одпосле дома видов дека на составот пишува дека може да има траги од глутен, смеам ли да го дадам на бебе 6 месеци?Како се спрема просо,која количина во колку вода? Се кисне ли прво? Колку време се вари?Исто ме интересира и оризот од холе како се прави.Досега воведов јаболко,кајсија,слива о круша сега ја воведувам 2 ден.
На сите неглутенски намирници ќе видиш дека пишува може да има траги од глутен, се произведуваат и пакуваат на иста лента. Така што на детето нема ништо да му биде. Јас просото никогаш не сум го киснела претходно, а сум варела по една супена лажица во ѓезве полно со вода до пола, па откако ќе се свари го процедував од вишокот вода. Вака варењето ми беше посигурно отколку да ја упие цела вода и да ми изгори на дното. Оризот на Холе да не е инстант? Баш ме интересира и мене каков е и каков е на вкус, дали има врска со обичен ориз?
Денес кајсија пробувавме, бебе се налути зашто не му давав уште, а поприлично доста изеде како за прв пат. Пробав отворив готова јаболко слива ( све што имам резерва овошно е со слива пусти страв од запек) ама не ја сакаше. Утре ке добие колку сака се надевам ке јаде во комбинација со нешто друго. Можам утре палента да воведам? Зошто втор ден ке му биде кајсија да му дадам пример палента и кајсија?
Јас денес дадов палента со круша од хип и бебе не ја сака, ама некако чудна палентата како со зрнца минијатурни низ неа, не е мазна, додадоц и јаболко од хип едвај неколку лажички проба.Земав органска палента од Зегин.
И моето не ја сакаше се додека не му ставив путер малку ко нокте од мало наше прсте и ја варам убаво и омекнува...јас ја имаа Вио таа од ДМ на 6.5м му дадов путерче ете многу малце и си ја јадеше...следев бебе и ок си беше...
Јас сакав цреши да дадам, ама некако лушпите ме бунеа и ми беше страв па како сок му дадов како ги даваш свежи и блендирани само? Јас уплав имам да не се засркне детево