Во право си...Прво му давав ориз на Хип па го изеде тој му дадов на Холле еве уште малце имам и после ќе си купувам кочански ориз. Ми го фалат тој од Кам некој го користи?
Денес сакам да му дадам на синко зелена пиперка за прв пат, инаку сме скоро 8 месеци. Со што ја комбинирате???
Мојава дефинитивно повеќе сака зеленчук. Сабајле, оривче холе, банана и некоја вишна, јадеше со сила. Ручек, компир, брокула, карфиол, морковче и маслиново си изеде скоро цел оброк. Едвај дочека да извадам од блендер @Ano утре може да дадам некоја вишна повеќе?
Па јас штом не видов реакција од првиот пат се опуштив и давав/м по 10. За сега доволно е со оглед на количините што ги јаде. Ако не изреагирала мислам дека можеш.
Денес дадов компир со морков + мајчино млеко и лапна 4 лажички и почна да се мршти. После ја додадов кашата од вчера јаболко и моркпв од Хипп и си ја доручка ама беше ептен малку останато. Утре пак компир , може поарно ќе минеме како втор ден!
Ние денес пробавме банана, си крка бебе, гајле нема Сака и овошје и зеленчук, мака имаме само некогаш кога дома и ги спремам кашите, немав асален блендер па се наоѓаше по некое парченце и ги плукаше. Го купив денес Филипсот, едвај чекам да го пробам. Бебе вака во глобала јадачка си е, да не ја урочам. Утре планирам да дадам пченка/палента на Хипп со бананата што ми остана од денес, ќе ја воведувам 2 место 3 дена. Може ли и слива да додадам? Се плашам запек да не и направи бананата. Исто да прашам, компир е 6+ или може 5+? Едвај чекам да и дадам морков+компир со млекце да крка
Денес и дадов ориз од холе, направен со сок од сварените сливи, и сливите блендирани. Не сакаше ни да душне. Па во малку додадов готова каша од праска и круша. Не, и не. Кисело се направи. После пак ќе пробам, околу 12ч да дадам. Само нешто друго ќе смислам. Со морков да и го дадам може ќе го јаде оризот.
Бебе излапа скоро цел оброк палента со банана и слива Уште со цицањево да не се мачевме се ќе беше совршено
Сакав праска со круша да дадам ама дека првпат ми беше страв и лапна круша и слива. Може ли сега да му дадам неколку лажички од праската за утре да јаде од неа
ние уште се мачиме никако да пријаде каши..се сум пробала две три лажичи или макс 30 мл и толку...ни овошни ни зеленчукови...дали имате некако совет како да и го зголемам апетитот...скоро месец како смемпочнале со дохрана никако да воведеме оброк цел...инаку сме 6+