Фала, дадов неколку лажички а бараше уште . Да ве прашам нешто. Според педијатарот за доручек треба овошје, ручек зеленчук а вечера житарици со овошје. Малку сум збунка, нели и на сабајле даваме морков, тиквица, компир... Ве читам дека давате ориз, компир... Стварно ме збуни. Ок, ставот нејзин за воведување оброк на секои две недели не е прифатен, тоа секако, ама како да продолжам деновиве на сабајле. Значи, 1.Планирам секој ден да му давам по плус 10гр и таман на 6м за една недела да има цел оброк. Ок е така? И од што треба да се состои доручекот? 2.Со пробување и постепено воведување ручек кога се почнува?
Дури воведов оброци и повеќе намирници и јас давав зеленчук насабајле некогаш. Инаку, доручек ми е секогаш житарка со овошје, ручек зеленчук а вечерата е млечна каша. Со ручек почнав еден месец после доручекот.
Овошјето секогаш отсабајле да биде, а житарките може и за доручек и за вечера. Кога почнав со дохрана доручекот беше само овошје, но како воведував житарки така комбинирав со овошјето за да биде покалорично. Ручекот секогаш зеленчук и месо, а вечерата млечна, може и со житарици. 1. Многу е замарање да мериш до грамови Давај по некоја лажичка повеќе додека да стигнеш до цел оброк. 2. Постепено се воведуваат намирници, не оброкот. Вие пробувајте си вкусови но кога ќе дојдете до ручек (да има барем 7 месеци) исто така можеш цел оброк да го направиш со еден нов продукт. Не мора пробувањето секогаш да биде броено во лажички.
Касна малкуцка ориз и морков. Густината била проблем. Оброкот се состоеше од една лажица ориз растворена во некои 40-50 мл вода, кај што се вареше еден морков и кромид едно мало парче. Се тоа блендирано. Касна 7-8 лажичиња. Оризот на холе во густина беше ко чоколино. Така треба да биде?
Леле... јас читам како треба што треба и кога треба и се понејасно ми станува... Вака значи ако можи помош, ке поставам неколку прашања Прва кашичка: колку грамажа на овошјето или зеленчукот треба? Втора кашичка: после колку дена од првата се дава? Трета: после колку дена од втората? ( и 4 5 6та.. итн.. ) Со колку грамажа се почнува, по колку се зголемува, на колку време се зголемува... Прашање плус: дали со воведување на цврста храна пдма почнува менување на столицата кај бебето? ( ова чисто да си знам да не се испаничам) И дали повраќаат бебињата на почетокот? Кај нас уште е рано немаме полни 4ри месеци, а планирам кога ќе наполниме 5 и пол + месеци... ама да си знам сакам да сум спремна.. ме фаќа паника некако... И дали нешто посебно треба да се знае со кашичките?
Мами ние сме 5+ и денеска бевме на контрола и педијатарот ни кажа да започнеме со исхрана доручек 2-3 часа после прво утринско цицање. Ми наведе што да и давам овошје и зеченчук од секое по три дена од 80 до 100 гр. Нели на почетокпт со по лажичка две .Го прашав дали да започнам прво со овошје или зеленчук ми кажа дека е сеедно кое е вашето искуство и како ги припремате првите каши ги обарувате на пареа и ги пасирате додавате ли вода млеко?која густина треба да се и отрпилика колку ги држи сити до следен оброк
Како да преминеме полека од блендирано кон пасирано ? 10 + е малото,нема уште заби. Дали давате парченца овошје и зеленчук на оваа возраст сами да јадат? Мене некако ми е страв Дали се добри оние како мрежи да шмука ?
Mojata sama pocna da odbiva blendirano.Se cudev zosto place i ne jade.Sega sama so race si jade i ovosje i lebce
Да обично на пареа, додавам вода (по потреба и млеко).Да се потечни ги правам. Кога ќе изеде цел оброк следен му е по 3 часа. @Klarisaa мислам да нема да можеш одеднаш да преминеш. Барем моево се задавува од парченца и често знае и да исповрати цела каша ако наиде на мало парченце. Му давам по малку лепче со кисело млекп натопено , па потоа посуво, така постепено дур не биде спремен. Може твоево ќе прифати одма пасирано, кај нас е вака А какви се тие мрежички?
И јас се обидував да и давам пасирано ама се дави. А без проблем си јаде со раче сама. Пр. Лепче, зеленчук, овошје исечкан на ситни парчиња, си зема и си става в уста. Кога ќе го голтми парченцето вика ААА и отвора уста да ни каже дека и е празна Не и ги ставам сите на видик туку едно по едно затоа што сите ќе ги стави во уста.
Јaс кo пoчнaв дa и дaвaм oвoшје вo хрaнилкaтa сo мрежичкa негде нaкaј 8+, рaчкaтa јa јaдеше, пoинтереснa и беше, и енејa тaкa стoи
Па пример житарка со АД и овошје, лепче со кисело млеко, макарони со сиренце, урда, палента ...да содржи нешто млечно вечерата.
Од вчера почнав да давам ручек. Не за друго туку почна да ми одбива млеко. Последниве денов морав да ја заспијам за да испие по 90мл. И еве вчера изеде за доручек каша овошна, за ручек каша зеленчукова. Помеѓу испи 4 млекца од по 120мл и едно 90 во текот на ноќта. За еден месец се поправила само 300гр ама докторката рече дека не е страшно, нормално било да качува сега помалку. Може и е многу рано за втор оброк ама еве ја сега сака да ручка, не ми плука веќе, а и не и ги блендирам многу мазно кашите, зеленчукот го гмечам со тоа за пире и не и е проблем. Дали е рано да дадам цреши? 6полни месеци е. Имам тазе охридски многу убави и се мислам...
Сабајле сварив суви сливи, може ли после да му ги дадам? Измешавме ред . Обично цица во спиење и после кога се буди сабајле не бара, тек наредно успивање. А кашичка му давам пример саат, саат ипол после будење. Денес викам ај ве читам дека прво цицаат/ пијат млеко сабајле па после јадат каша и кога се расони му дадов да цица. Сега таман реков да му спремам да јаде он почна да плаче за спиење, па си заспа и цицаше. Кашата останува за кога ќе стане па да ве прашам 1.дали може сливите да му ги изблендирам после (веќе саат ипол како се сварени) 2.мора ли кога ќе се разбуди сабајле да цица?
Јас кога ќе стане прво давам каша, па после три - четири саати млеко. Инаку можеш да ги изблендираш кога ќе стане, не е проблем