Тоа што ти не знаеш не значи дека е "а бе ајде". Никој не знае се. Добар став е да земеш да прочиташ, а не да се потсмеваш на факт за кој не си запознаена. Кај дечињата е малку покомплицирано бидејќи си ограничен со продукти. Малкуцка кокосово во овошно смуди е одличен избор.
А кој рече дека знам се?! Сум ставала и јас кокосово ама по желба а не дека треба. Маслиново што не ставаш ако треба да се врзе? Читањето ти го оставам тебе, а јас како и сите други ќе одиме по педијатри и ќе се водиме по нив и по она како функционира светот. Дај ти се молам.
Не планирам да се расправам и докажувам со тебе. Кога ќе прочиташ, ако воопшто, тогаш може. Можеш да најдеш и статија од твојот педијатар на темава. Има. Секој со своето и кој што сака да чита. Добро утро
Нема ни потреба ама дрско да ми се обраќаш земи прочитај? Ако си начитана објасни ми зошто маст се става во овошје на пример. А тоа што си пишала на фана не е одговор на прашањето, значи кокосово ставаш за вкус а не за врзување.
Зашто сегде читав дека втор оброк се воведува месец, месец ипол после претходниот. Можеби и грешам, затоа прашувам вие како почнавте, кога? Од кога се дава? Палчевска. Станка не била тука деновиве. Кокосово од кога може?
Јас по 2 недели, ама мојава пошто е нејадачка некогаш има 2 некогаш нема ни еден.. и со син ми исто така правев. Последнава година доста пратам како прават на "запад" и исто така а и сосем различен редослед имаат на намирници односно не пазат толку. Пример мајка од Канада даваше јагоди на некои 8,9 м на бебето (јас не би дала но како пример), краставица исто итн.
@Minnie-e пo тaбелите е 6+ aмa бидејки хaс незнaев и дaвaв негде кoн 8м, и кo излезе стaтијaтa oд дoктoрченo Митoв декa билo штетнo, некaкo ми влезе вo глaвa и шубе ми е сегa, ми се тресе рaкaтa кoгa стaвaм ептен ми е шубе...не се прaи oнaкa
Станка по 1 месец ми кажа втор оброк. Домати ми кажа понатаму, не знам оваа Палчевска што брза. Детето 6 месеци само цице знае, сега за 1 месец и доручек и ручек?! Кокосово не сум дала уште. @sofi2107 ако не се лажам најмногу го користеше.
Маслото се става во сите каши, за да се искористат витамините кои се липосолубилни. И јас сум ставала кокосово/путер во овошни и зеленчукови каши. @TheSecret знам дека нема на Хип, ама ми останало во сеќавање дека користиш масло од репка и дека од тука го земаш, затоа те спомнав.
6+ е или? докторката спомна дека може да му помогне за запекот па ако смеам да давам би пробала. Кое е најпаметно да го ставам во овошните? Не знам веќе што друго да правам . Па уште ни за доручек нема оброк не па ручек. Само кажи ми пошто за некој ден планирам да почне со цел оброк насабајле, со вкусови за ручек после колку време да почнам?
Не, не. За доручек си јаде што си јаде. Нов вкус давав во "терминот" за ручек. Откако воведов ручек, нов вкус додавам "за проба" во доручекот или ручекот.