Да се вмешам дуќано е бебе центар има голема табла. Мислам дека се увозници за нук имаат се од нив. Фала тетка ели за инфо денес специјално после работа бев и купив. Сега може синко нема да се мршти на кашите со телешко. Туку сакав да те прашам како ги чуваш - во фрижидер или...? И ако не дотрошам цел зошто количински не може да изеде, дали може да стои до нареден ден во фрижидер убаво завиткан во фолија?
Наздравје нека ви е За приготвен ме прашуваш дали би стоел? Претпоставувам може... Јас 2-3 нед го чувам бататот, свеж. Имам замрзнато одредена количина, прво приготвен па замрзнат. И нас ни се најпогодени
Па и за свеж. Пр пола сечам и приготвувам денес, а другата со фолија завиткана во фрижидер да чувам за нареден ден. Или да лапка мама зошто и мене ми е вкусен
Готово, дома се веќе и тие кои реагираат на топлина и обичните. Фала и на @Ano ,наскоро ќе ги проба беба.
Кога почнавте со воведување на цврста храна. Ние сме 3 месеци докторката ми рече полни по малку од 3 ипол месеци, па не е мала . Првата ќеркичка почнав од 6 месеци
А зошто ти рекол на три месеци?! Не напредува или што? Мислам дека е премногу рано дури и за пробување вкусови, освен ако нема посебна причина.
и мене ме интересира, скоро правиме 5 месеци, а на доктор сме дури по три недели, се мислам јас претходно со пробување дали да почнам . препораката е од 4-6 месеци, е сега во зависност од детето.. има на интернет како знаци што треба да ги видиш: да може убаво главата да ја држи, да може да се врти на меше, да покажува интерес кон храна, да прави движења како џвакање кога гледа.. не знам дали уште нешто имаше. а мене ми интересира за седењето, посебно за женски, дали веќе можеа да седат кога ги храневте, во која положба ги храневте? се мислам да земеме хранилка ама ќе може ли да седи во неа? или под агол може?
Здраво мајки, бебе е 6+ и пробуваме вкусови. Јаде многу малку, освен круша (тоа многу сака). Колку треба да јаде за да се смета како еден воведен оброк? И уште нешто, дали доручек може да биде пример само еден вид на овошје во поголема количина?
@didisi еден месец пoсле вoведувaњетo нa првиoт @sofi2107 aуу a бaш имaв еднa теглa пoише oд пoлa незнaев шo дa и прaм пa ке јa искoристaм местo пaвлoвиќевa
Јаболко, слива и батат за доручек би било или ручек?И тиква со јаболко исто. И уште еднаш да прашам, вкусови за ручек почнувате одма кога има воведено оброк доручек, така? На пример, за неколку дена планирам веќе да има цел оброк за доручек и одма за “ручек” да почнам со вкусови зеленчук? Ако почнам така тогаш за две недели ќе треба да има оброк ручек. Така? Или цел месец вкусови? @kukla21 ?
За ручек може да се почне одма со цел оброк,со веќе воведени вкусови Нормално воведувањето на нови намирници се остава за наутро
Доручек . Почни си цел оброк за ручек. Со тоа што веќе си вовела, па постепено ќе воведуваш и нови намирници за ручек Јас свеж го чувам и по 3,4 дена ништо не му е. А приготвен искрено не знам, не сум чувала, одма се прави маф
Ама ве читам дека на 7м воведувате ручек, он сега 6м ќе направи и допрва ќе јаде оброк за доручек. Не е ли рано за ручек? А од намирници ништо немам воведено заради проблем со столицата. Слива ни е секој ден на мени и многу намирници треба да ги избегнувам. Јаболко, морков, круша, слива и праска само има пробано.
Со воведувањето на цврста храна скоро кај сите бебиња се јавува проблем со столицата Дури се прилагоди организмот треба трпение Слободно давај се,почесто слива Ручекот немора на 7м да го воведеш ако бебе не е спремно
Таман е, доручек на 5-6 месеци, ручек на 7 полни. Мораш да даваш, промените во столицата се нормални. Цревата учат да ја преработуваат цврстата храна, и нормално е да има или потечна столица или запек. Сите бебиња поминуваат низ тоа и немој тоа да те спречува да воведеш нови намирници. Ако ти е мака за запекот - секогаш имај предвид дека банана и палента ја регулираат столицата, со тоа што презреана банана ја омекнува, зелена банана ја стега столицата, погусто варена палента стега, поретко варена протерува, потоа слива, круша, тиква протеруваат, а компир, ориз, морков, јаболко стегаат. Па ќе балансираш со намирниците за да се регулира и столицата.