Можеш и повеќе, 5-10 зрна. Друга храна за појачување крв ти е просо, амарант, семе од коприва (по едно мало лажиче ставај во ручекот), суви кајсии, јунешко мевце... @Cka јас дадов на врв од лажичка така да го проба. Можеш и со овошје комбинација, јас ставав како засладувач во кашички што не беа баш благи.
Да не ја урочам, ама од вчера на ручек добро ни иде. Дефинитивно не љуби овошје бебе, а мевце кога има највкусно и е за кисело млеко ич муабет да не правиме Денес појадок - хип праска и банана. Изеде 1/3 пауза направивме, па си дојаде се Ручек - холе компир и спанаќ. Вриштеше дека не и е вкусно. Додадов к.млекце ко за вкус ееее уште бараше Не сме дома, па нови вкусови се на пауза Дома грашак ќе воведуваме следно
Пак јас ... ама морам да споделам. Дадов јаболко (го подварив малце) и наместо водичката каде се вареше јаболкото јас додадов сокче од круша. Ја бендиса, ја изеде... Среќна сууум! Уште ова да кажам... Не знам погоре некој за аронијата прашуваше. Преупрњдувам дека страшен запек прави... ставајте помалце зрна!
Во Веро имаш мила секој вторник и четврток носат ( мислам дека вторник и четврток ако не грешам или понед. И среда ). Блиску ти е Верото иди провери најубаво. Млад дечко ( над 35г низок со црна коса види дали е таму ) е на фрижидерите ( многу фер и ќе ти каже дали е добро или не зашто и самиот он е татко ) па ми кажува дали да земам или не кога и да го прашам. Имаш и мисиркино многу убаво ќе го прашаш ќе ти посочи кое да го земеш и ќе ти објасни што и да го прашаш околу припрема и замрзнување на месата.
Dorucek poveke od pola tegle, zadovolna sum. Edvaj cekam da i. dadam kiselo mlekce. Pilesko i zolckа na kolku se dava?
Да во Аеродром Многу е фин и све што ќе прашаш убаво објаснува на кој начин правилно се чува во фрижидер, замрзнивач, приготовка итн. Пред све кажува дали е ок месото за бебе/дете или не.
Тоа веро ми е секако најблиску ама не начекувам тазе некако па одам до џамбо големото. Околу мисиркиното таман сакам да го распрашам дечкото. Фала на инфо
Мм денес во 14ч.беше и немаше се се продало...во 12ч.добиле и се се потрошило.Од блиските што имаат дечиња зимаат веро џамбо или тафталиџе 2 и тинекс кончар ама таму среда и петок носеле па среда се надевам ќе најдеме за да почнеме да ручкаме и мевце
Жалам ако го поставувам прашањето по 100 пати или ако има таква тема(префрлете ме) 6месеци сме. Слабокрвни. Сакам оброци за појачување на крвта. Може ли да ми споделите рецепти.
Најпрво консултирајсе со педијатарот. Нашиот хемоглобин кога беше 107 матичната го сметаше за слаб и воведов месо, жолчка, спанаќ, цвекло, пиперка. И имаше подобрување.
За прв пат стај пола кафено лажиче ( ама со дрвена, силиконска или пластична лажичка ). После постепено зголемувај зависно од количината на самиот оброк. Јас веќе ставам по цела голема лажичка мед и таман е.
@bella12 педијатерот ми препорача да појачаме внез на храна богата со железо. Ме советуваше да побрзам со жолчката. Веке воведов спањаќ и цвекло, ама немам идеа како да ги давам а да се вкусни. Цвекло само како цеден сок Спањаќ + јаболка ми е добитна комбинација засега. Месо и жолчка се следни...