Прашај педијатар кога најрано можеш да воведеш семе од коприва. Јас за 3 месеци од 9 на 12 му го покачив хемоглобинот само со ова, иначе требаше сируп за железо да пие. Просото има железо а веќе можеш да го даваш и комбинирај вакви намирмици заедно, како цвекло, месо, спанаќ, жолчка...добиваш оброк полн со железо. Друго, млечни производи барем на 2 часа оддалечени од таквиот оброк за да може железото да се врзе. Ако даваш кравјо млеко макар и само за кашички, прекини го, во корист на анемијата е и тоа.
Со месеци даваме сируп. По раѓањето имаа транзфузија. Педијатерот само нагласи жолчка. Не е баш некој посветен педијатер. Искрено, овде и немаме многу избор. Давам Ад млеко + малку од мене. Ќе гледам после оброкот да давам пример сок од цвекло. Ти благодарам.
Што даваш Момичка? Нашите близнаци пиеја Малтофер капки. Имаше ефект. Исто едното имаше примано транфузија на интензивна.
Бебето мое не јаде ако не е скроз мазно,пробав да дадам просо, не го сака, плука, се дави.Земав сега го измелив неварено, бидна како брашно,па ке пробам такво да дадам, накиснав една лажица да стои до утре па ке ја сварам.Ваљда не му е ништо што е мелено?Има ли некоја слично искуство?
Жолчката најчесто ја давам со кисело млеко. Спанаќ и зеленчук што ми е при рака ставам со ориз, месо исто со зеленчук или ориз.Цвеклото го давам со јаболка. Гледај кога даваш спанаќ саат време пред и после спанаќот не давај млечно. Пиперка давај богата е со витамин ц
Момичка цвеклото вари го со останатиот зеленчук, има убав и благ вкус, обично децата го сакаат (синко најмногу ги јадеше кашите со цвекло), мешај со компир, морков, тиквичка, кромид, лук... ќе го јадат (иако цвеклото и не е толку многу богато со железо како што се мисли). За спанаќот ти кажаа комбинации. Сепак се додека не воведеш храна од животинско потекло не очекувај големи резултати. Не знам колку ви е хемоглобинот, ама вие сте во период на физиолошка анемија, кога нормално паѓа хемоглобинот кај бебињата, па ако не е под 100 јас не би се грижела. Сега како сте почнале со дохрана со полека треба да се среди. Од житарките соодветни за ваша возраст давај просо и киноа, тие се доста богати со железо, од овошје суви сливи и кајсии (понатаму и урми и зрнесто овошје), од зеленчук сите зелено листести зеленчуци, брокула, прокељ, грашок... Откако ќе воведеш жолчка ќе даваш преку 3 пати неделно, исто и месо (најдобро е прво телешко да воведеш). Со сирупот што го пиете треба да земате и капки витамин Ц.
@Momichka ние од телешкото никакво подобрување немаме , исто и од жолчка . Давам се ,цвекло, аронија , спанаќ, блитва, маџун... Само со малтофер го дигнавме хемоглобинот во комбинација со вит ц капки. Сега со храната не се дига , но битно е што се одржува и не е веќе анемичен. Сите производи што содржат железо не ги мешај со млечни . Пример :блитва, ориз, морков и лук; цвекло, компир , морков и тиквичка; просо, брокула, тиквичка; Жолчката јас со ориз и блитва најчесто ја давам. За аронија и цвекло мислам дела ви е рано , цвеклото е јако ме советуваа на 10 м да го воведам. Аронија на 9м.
Денес - тиквица и морков 3 лажички и фрлив - компир и морков 3 лажички и фрлив - банана и нектарка + сокче од крушка изедено целооо
Прoсoтo не требa дa се кисне, и ќеркaми гo плукaше, пa и јaс гo мелев, не е ништo стрaшнo, нaпрoтив, тaквaтa структурa се викa гриз oд прoсo oднoснo прoсени гриз шo би рекле брaќa Срби a и мислaм декa кaкo тaкoв се прoдaвa вo прoдaвниците зa здрaвa хрaнa aмa неме фaкaј зa збoр
Многу убаво напишано. Само не ми е јасно, дали просо може да давам со кисело млеко, зашто обично така правам. Од напишаново изгледа грешам. Ако не со житарки тогаш кисело млеко со што да давам.Совет мајки
Бебе плука се што е зеленчук, да не види со очи По совет од педијатар може да додавам малку путер, маслиново или кокосово, па ај од утре ќе видиме дали ќе јаде. Сабајле во очај брокулата и ја помешав со малку тиква и јаболко Хипп за да ја изеде (немав друго дома) и ја изеде, ама педијатарот ме советуваше да не и мешам. Кога давам зеленчук, само зеленчук да е. Бучкуруш јадеше што ниту јас не би јадела, а не би ни дала, ама денес морав, секако беше ова исклучок. Изеде цел оброк и уште бараше А па овошје лапа, со отворена уста чека. Треба и ручек да воведеме деновиве, ќе биде интересно
@kukla21 е со мевце подруго е, вака е бљувотина, мене не ми е убаво, не па на бебе, ама тоа е Месо кога се дава? 6+ или?
7+ Бар јас 7+ почнав мевце. Многу разлика за зеленчуковите прави и маслиновото, кромидот и лукчето...
@mariz е да, ми рече педијатарот и кромидче и лукче, па и праз малку дека може. Се надевам во комбинација со маслиново или путер ќе пројаде