Мое бебе месарче изгледа нема да е Со мерак му направив телешко,кромид,боранија,морков,ориз.Оваа комбинација само со водата од мевцето што се вареше ја сакаше сега не но ептен дали 30гр.имаше мевце и пак го осети.Ај го почекав за 1ч.пак го понудив со к.млеко едно лажиче не бре ваќаше Дали вас вака ви правеле на почетокот па понатаму ручкале или да не си се надевам за џабе?
Мојата неколку пати имаше нагони од телешко. Сфатив дека на месото му треба повеќе варење за да биде убаво блендирано (иако го варев 2 часа во тенџере под притисок не знам како се вика тоа). Сега го варам 4 часа во обично тенџере и го јаде. Баш денес јадеше телешко, боранија морков и кромид. Изручкано со сласт. Колку време го вариш месото?
Скоро 3ч но 30гр.го исецкувам на ситно и така го варам го пробав јас вчера меко беше.А го вариш само месото или ставаш и зеленчук во варењето? А блендирано беше ептен течно не му беше до структурата на кашата туку вкусот не му се допадна а камоли 50гр.да ручка ко што треба 7+ сме
Со лук кромид и морковче. Купувам околу 600г месо исамо на два дела го делам за потенко да е. Ставам месото вода м.масло малку кромид малку лук и пола морковче. По варењето местот го тргам на страна зеленчукот го фрлам бидејќи е скоро распаднат по 4 часовно варење а водичката ја цедам и ја оставам. Месото го сецкам на 10 дела и ги ставам во 10 посебни најлончиња во кои ставам и по 3-4 лажички од водичката. Си вадам по едно од претходната вечер да се одмрзне во обичниот фрижидер. Пробај вака. Се надевам дека ќе ручкате
Кајсија и праска лупите? Јас ги давав нелупени па денес мајка ми ми вика требало праската да ја излупам. Отворив бебе готвач таму вика и кајсијата да се лупи и праската. Може да се јави некој проблем дека нелупени?
Jas se lupam, mislam taka e pravilno. Jas meso nemam pocnato,edvaj po pola tegle jadi malava, retko i tolku koga jadi, i nemam zelba za gotvenje/ voveduvanje.
Со телешко и ние се молиме малку повеќе. Со сладок компир најлесно иде. Или со тестенини и зеленчуци. Пробувај разни варијанти. Сигурно ќе се најде некоја што ќе го бендиса
Да ми текна на тебе мајче со батат дека го ручкате па утре така ќе пробам... Него пилешко од купечка каша какво е сте давале? Петле нема од каде да најдам ааа ми личи ќе те тераме мака со мевцево
Пилешко на холе има. И не мора да значи дека ќе мачите мака. Ќе најдете како му одговара најмногу. И синко прави проблем со телешко, па риба и мисиркино лапа без проблем.
Пред неколку дена наполни 6м (мислам дека и вие сте тука негде) а чашката е обична пластична чаша. Треба трпение стварно (да не мислиш дека така лесно иде, еве сабајле ми ја бутна и ја истури цела чаша )
Каде наоѓате батат за да воведам? И компир со што најмногу јадат вашите бебиња? Моево морков ич не сака и се мислам со што да го мешам...
Јас воведов батат вчера, ѕверчето цел тањир излапка, батат, морковче и тиквичка. Денес пак иста комбинација ќе правам. Во водата кај што се вареа зеленчуците ставив мало лукче ама после не го изгмечив со другото. И една капка маслиново .
Периодов ако давате батат не го правете многу често тоа. Не му е сезона сега, тој што стои по рафтовите е лански и е запрашуван којзнае колку за да издржи толку долго. Бататот почнуваат да го вадат септември/октомври тогаш е најтазе.