Баш башка не да се изнакака бебе денес ко новороденче Него, @fana како го користиш пилешкото на холе? Само додаваш во кашата и толку?
Па круша пола сварив. Пола авокадо и пола банана. Не се осеќаше баш. Само не беше толку многу благо како кога се само банана и авокадо. Лапна 7-8 лажичиња. Почекав 20тина мин, понудив, устата заклучена со клуч. и си каснав. А авокадо со нешто зеленчуково иде ли? Бар да јаде. Вака криво ми е, се тиквици и компири јаде.
Вчера му дадов готова каша, мала. Изеде и мм го зема а јас го миев тањирчето и бебе гледа накај мене и плаче, се тегне. Се зачудивме (обично го обожава тато) ама он го бараше тањирчето. После излезени, другарка го рани нејзиното со кашичка а моево плаче по кашичката. Дома му дадов да проба неколку лажички брокула, а он бараше уште. Се мислам да почнам и со ручек (по третина мала каша за почеток). (И дефинитивно мислам дека звучам како оние мајки што ми беа смешни “бебето бара да јаде”(што разбира бре бебе)) @eli25 Марина ми даде од Нестле и од Бебе Готвач. Има нешто друго?!?
Авокадо оди со се. И овошје и зеленчук. Една од омилените намирници на ќерками. Еве една комбинација Авокадо, малку лукче и кисело млеко (или павлака за поголемите
Да. Пилешко на бел ориз и правам. Варам оривче (истиот кој го јадеме ние, не бебешки) со морковче, кромидче и м.масло. Сето ова го блендирам и на блендираното додавам неколку лажички од кашичката. Доаѓа исто како што јадеме ние само без зачини
Круша не давате свежа? Гледам и по рецепти овошјето да се свари, јас се свежо давам. Може ли да направам компир, морков и тиквичка дома и да ја јаде после пример 2 саати надвор?
Ваков имав дека и ние го јадеме и ставив ептен малку, ама и јогурт пишува дека има . Од кој купувате вие?
@Minnie-e јас Президент купувам несолен, тука прочитав дека доста членки го користат, па тој го земам и супер е, нема проблем кај бебе.