За доручек ја дадов таа. Сепак многу малку батат има за да оди на ручек Јас ги давам за ручек. Бебе ја сака. Не е толку празна. Брокула и оривче има. Мојава ја сака. И таа иста таква, со тиква што е. Јас ориз не воведував. Одма давав. Така и пишаа повеќето тука.
Тукa нa фoрум пишувaше некoи нaд 10 други нaд 12 месеци, aли гледaјки декa се прскa пред зреење јaс не би пред гoдинкaтa, ние сме 13 и немaм дaденo aли следнo идење нa пaзaр ке купaм и мaслинки
Путер, масло од репка, вода и јогурт. Президент е без јогурт? Ќе купам таков за него. Супер, ќе ја пробаме после. Од брокулата беше задоволен, се надевам и вака во комбинација со оривче ќе му се свиѓа. Многу малку продукти од зеленчук имам воведено и за кога ми се шета ми е проблем деновиве. Ај дома имам теглички па и готова ќе му вакумирам како што ми рече. Се надевам не забрзав премногу со новиве продукти, си врзав дека палента и ориз не се воведува ама да не претерав? пон: брокула вторник: палента, брокула среда: банана денес: банана, ориз
Немам идеја што да воведам следно од овошје и зеленчук Досега пробано од овошје: јаболко, крушка, слива, праска, кајсија, банана, тиква. Пробано од зеленчук: морков, компир, батат, брокула, карфиол, грашак (ова минимално, нејќеше), тиквица, пашканат, лук, кромид. Од житарки само палента и ориз, не форсирам зошто не ги сака. Просо следно планирам да дадам. Што можам следно да воведам од овошје и зеленчук? Бебе е 6 месеци. И авокадо кога се дава? И пиперка? Ме интересира исто и дали да воведам глутен сега или да почекам? Имам на несле една кашичка со бисквит 6+, па мислев со неа да почнам глутен. Еден куп прашања, хелп
Можеш мислам веќе и праска и кајсија, лупени. Палента кога даде? Почнав денес со јаболче. Исход-трагикомичен.
@Sexybaby86 можеш авокадо. Во повеќето табели е 6+. И јас ќе дадам деновиве. Палента мешана со нешто и даде или чиста?
@duffi имаме пробано и праска и кајсија @Minnie-e Палента дадов уште на почетокот, директно и тоа, не воведував. Со овошје и ја мешам, ама не ја сака баш. Чиста па ич Ја јаде со овошје, ама не и е омилена, баш сабајле јадеше. Рано е за кисело млеко, инаку сигурна сум дека така повеќе ќе ја сака. Ќе дадам авокадо следно веројатно, видов дека е 6+.
Некој да воведувал месо со кашичките на холе? Оние што се посебно телешко и пилешко само, без зеленчук и сл. Дали се ок и по колку да мешам со зеленчук? Чекам домашно теле и петле да ми донесат, ама секој ден утре ми викаат (така е кога чекаш на свеќи ) и ме интересира дали некако посебно се воведува месо или одма со цел оброк? Исто за глутен дали имате некоја шема на воведување и со што да почнам?
Јас воведов пилешко со готова каша на холе. По мои стапки и @kukla21 и воведе. Пишав на 767стр од темава како и дадов јас. Глутен воведов со овесни снегулки. Згреав вода и ставив една супена лажица овесни снегулки обични какви што јас јадам за да омекнат (за 5 мин се готови) додека јас и блендирам овошје. Потоа ги додадов овесните снегулки и пак изблендирав и толку. Телешко воведов со месо од месарница мислам дека и направив со компир, морков и лук ако не се лажам. Инаку месо само месо од каши има пилешко од холе. Другите меса се со зеленчук.
ние денес почнавме со две лажички морковче ај аирлија)) мислам вкусно и се виде, си ги касна) колку време го варите морковот, и дали веќе сечкан? јас по една книга демек со малце водичка динстан и да не е преварен за по здраво, ама прво веднаш ми испари водата и покрај капакот, па ми останаа парченца со блендерот па пак го преварував хехе едно морковче испадна не знам да сварам инаку во врска со органската храна од денес во неколку маркети на Тинекс има органски производи чери доматчиња, моркови.. не знам дали пишува негде можам да прашам во кои точно. со сертификат се, од некој центар за рехабилитација луѓе ги одгледуваат.
Јас пилешко дадов. Скептична бев, @fana ме окуражи и супер излезе. Фино е на вкус. Баш ко печено пиле. Јас глутен давам на секој 3ти ден, па секој втор, преку еден и на крај секој ден. Дадов гриз, бисквитна каша на хип, овес..
се извинувам за сликава, вака грубо е премногу? така ми испадна од прво, ама мм ме караше дека не било доволно кашесто па го преварував со уште малце вода и на краj да со вилушка го испасирав
@KidA Јас почнав со готови за вкус. А за варење го сецкам на ептен мали коцкички или може и рендан. За во готвач на пареа 25 минути пишува, нешто помалку во тенџере. Инаку битно е да е мек, убаво сварен, а структурата зависи како сака бебе. Моево сака баш кашесто, ама не значи дека и твоето. Пробај.