Чудно ми е искрено за во фрижидер. Бучњн козјак за мм земаме и нема таква реалција, само козјото од Кам. Трница ми стоело само ден и не можам да судам. Зошто пауза?
Па ниедно друго не ми се допаѓа, сите на хемија ми мирисаат, а и децава не сакаат други освен на Бучен Козјак. А сега не ги пијат ни јогуртот ни киселото млеко ради тоа што се ептен кисели, па затоа решив да паузираме со нив.
@Annath пред да паузирате пробај со Јока кисело млеко и јогурт. Поубави нема, а и не ги прават од млеко во прав. Киселото млеко ни е фаворит може цело канче да изеде. Јас не оставам отворено во фрижидер повеќе од 1 ден. Ако јаде он ,остатокот јас
Јока ми е омилен мене И бебе ќе го сака оти е покисел ама мислев не ги прават квалитетно. Фала на инфо !
@eli25 квалитетно е , од сигурни извори знам , нели струмичко е Давај му слободно и на нас ни е омилено оти е покиселко
Денес на бебе 9+ му дадов парче банана и си ја јадеше полека полека. Ама пусти страв да не скрши поголемо парче и да се задави Што можам за почеток да му давам така да пробува? Како да го победам стравот, бебево мое похрабро од мене е.
Едно скоро изеде, кај и да е на второто ќе му заврши векот Браво за бебе Мојов едвај го убедувам слива да фати дека мазна, се гади од храна да држи му ја пикам и меѓу играчките и само ја трга што подалеку за во уста нема шанси да ја пикне
Bez plasenje.Mojata jade se so race sama.Cela praska ke i ja izlupam i si grize.Lebce isto.Kriska ke i dadam celo si go jade.
Ние сме 8+ и јаде сам банана,ѓеврек,бисквита... Кога ќе му остане големо парче во уста вришти и така знам дека на пат е да се задави
Мајкички ми треба совет. Бебе вчера наполни 9м. Со пробување на вкусови почнавме на 5м на 6 месеци доручек,а на 7 ручек. Мислам дека треба да почнам и со вечера. Наутро млеко пие во 7 а каша кон 10. Таа каша некогаш ја држи и по 4 часа и не бара јадење за да и дадам млеко па после ручек. Ручек решив да и давам после доручекот кога ќе и се пријаде( конкретно денес во 14) исто бидејќи е со месо и таа каша ја држи повеќе и пак немам можност да вметнам млеко па вечера. Прашањето ми е дали да дадам вечера кон 18ч а со млеко да заспие или да дадам млеко па вечерата да и биде последен оброк? Да не и е малку млеко?
важно е да не биде нешто што може да го "пресече" и да го голтне цело парче. пример читав тенко парче jaболко не, ама цело јаболко да го шмука гризе може. прочитај baby lead weaning example food, во тој начин сѐ се дава бебето само да јаде
Ајде тука да прашам, сигурно ќе добијам одговор. Моите се големи, но досега ни јас не сум пробала воопшто киноа, па денес купив и сакам да ја воведам, но не знам како Дајте некој испробан рецепт
Прво вечера, па млеко. Во супа наместо фиде; за доручек во комбинација со други житарици+парчиња овошје+лажица мед.
Понудив каша со кисело млеко, ај помалку ставив, ај повеќе, ај чисто јок не го сака, плука ли плука На крај касна од кашата едвај 50тина грама без киселото.. Друго чаре за маскирање зеленчук или да пикнам јаболката или бананата Џабе прашувам засега спасот е во тиквата, мајка ми само ренда и носи во кесички