Мислам дека и јас ќе побрзам со грашакот ако си потврдам дека не ни прави проблем на стомачето. Така да за две недели ќе имаме 7 месеци и ќе пробам!
Tvojata nedela dena e izgleda pomala od mojava. Nie do sega nis ne napravivme. Duri ni omilenata tikva ne sakase da jadi, vristese za cicanje i dadov Sega ke spie pa ke probam posle pak. Pa i nokni kasi poracav da i kupat
20 и кусур дена сме помали Баш сега се вратив од кај матичната, вика парчиња овошје ако јаде, е подобро од било која каша. пробај да и подметнеш. Преку цел ден.
@Sexybaby86 Не дадов уште. Вчера мм купи па планирам за утре (во меѓувреме пашканат воведував). Ќе споделам реакција . Оризот од Хип според упатство го правите? Вода/млеко? Јас земав според упатството со вода ама на крај баш вода ми излезе. Па со цел памет чекав да се доварат морковот и кромидот па пробав и да блендирам. Супа ми излезе и фрлив. (цела кујна лом за џабе ). После отворив холе морков и компир и додадов пашканат од холе. Првпат така затворена уста имаше и ништо не касна. Ми ја зема лажицата, расфрли на сите страни...
@Minnie-e оризот Хип со вода го правам. Првиот пат ставив 2 ипол лажици со 100 мл вода ко што пишува, ми излезе густ, прегуст, никаков. Оттогаш повеќе вода ставам (од око) и супер конзистенција добива. Со млеко еднаш го имам направено ама бебе не го сакаше, додека со вода го јаде. Ставаш големи лажици, така? Големи треба, чисто да ти спомнам
Две големи, рамни ставив. Дури и со мерилици мерев 20гр (па ги проверував на вага дали се точни). Се што имав во кујна извадив. Мерев и температура 50 степени да е.
Феминки бидејки и имаме воведено прв оброк овошје, а треба да воведуваме втор со зеленчук (ориз,компит,брокула,карфиол и блитва и палента во комбинација со овошје) каков пробиотив препорачувате јас земав провен,како сте задоволни и дали да го ставам во кашичките или? За ориз каков препорачувате да земам? Прв бебуш и сега прашања милион
Јас давам провен, некако подобро се покажа од биогаја. Се раствора во лажиче. Една лажичка провен, и млекце. Моево измолзено, а може и ад. Само да не е жешко млекото. Бар јас така давам. Ориз можеш да даваш и обичен и на холе има инстант. Тој обично некогаш за појадок или за да згуснам го користам. Инаку фрлам една рака ориз во зеленчукот кога го варам. Процедувам на крај и во блендер се ставам.
Фала ти, ке пробам и јас така. А маслиново масло од кога се става, бидејки педијатаров ништо не ми спомна дали да ставам во зеленчуков...
Да е супер фала ти, ко што читав во постовите погоре од хипп повекето го користат По колку препоставувам по едно лажиче се става...
Мајки од скопје, од каде земате телешко месо?Цело време земам од веро ама не е телешко него јунешко и му треба најмалце 3часа да се свари. Ич не сум задоволна и сакам да сменам месара. Домашно не сум во можност да најдам. Хелп
Случајно прашав денес во Поповски во Лептокарија дали има. Денес донесено тазе. Понеделник и четврток им носеле. Денес дека пред празник. Жената рече многу го земале за бебиња, телешко инаку. 650 беше кг. Саат и 15 мин да се варело, не повеќе зошто ќе почнело да се распаѓа. Јас мислев 3-4 саати да варам. Ќе видам баш како ќе е, па ќе кажам.
И јас од Веро зимам, Веро тафталиџе, ама па не сум приметила да е Јунешко, потемна црвена боја е младото телешко.. а мислам такво беше Јас дека немам баш време на секое да варам, варам цело парче на тивко 3ч, го исецкав и мерам на вагичка по 50гр и го замрзнав, нешто во кесички, нешто во теглички со малку од течноста кај што се вареше... Кога ке истрошам, пак вака правам, зимам 300-400гр секогаш.