Не. Теле е прво до 8 месеци, па станува јуне во Веро дефинитивно е јунешко месото само бифтекот им е телешки. Тоа давав на почеток ама сега преминавме на кртина. И јас го варам цело ама се гледа дека е постаро и не се распаѓа. Да е телешко за саат ипол се прави путер.
Свекрва ми вака ме научила одамна, ваљда не сум грешка Јунешко е од постаро теле, а телешко младо е бејби биф... Јас кога купувам бејби биф им викам... дури мислам дека и поскапо е тоа.. тоа им е младо телешко само изгледа
Јунешкото е од постаро и е поцрвено а телешкото е од младо и е светла боја. Јунешкото се движи до 500 ден кг а телешкото е над 600. И јунешко се наоѓа бејби биф
Којзнае јас што купувам Сум помешала со боите, мислев младото дека е поцрвена боја... Битно да се крка, што и да е
И јас од Поповски земав пред 4 години, имаат убаво телешко. Телешко е посварливо за бебешко стомаче, но кажано ми е после годинка подобро да се премине на јунешко, побогато е со нутритиенти.
Ние кркаме тазе заклано, младо, таков месар си имаме. Да сте ми поблиску на сите ќе ве снабдував башка цената е топ, 450 ден . Првпат на работа кога донесоја телешко, неможев да го разликувам со свинското, боја ептен иста.
Сестра ми за малото зима телешко од Тинекс кај Раде Кончар носат понеделник и среда после 12ч.и некој си 800 и нешто ден.е кг. Јас сега земав од Веро Џамбо само што го изложуваа убаво е тазе и е 650ден.кг.па да го дотрошам и од Тинекс ќе земам.Јас дека го имам исечкано на 50гр.парченца и замрнато и со вадам парче си го премивам убаво пак и го сецкам на мали парчиња и за саат ипол со зеленчукот готово е се
Колку пати во неделата смеам да дадам жолчка? Јас давам 2 пати и 5 пати месо, посен ден немаме, ако така Утре мисирка ќе давам прв пат. Ајде да видам што ќе не огрее Зеленчук престана начисто да јаде, ама он упорен, јас поупорна, он плука, јас враќам, па некои 50тина грама некогаш едвај 100г ќе ги голтне. А овошје или блашко колку има толку јаде Од киселото ми се нафрли уствари образите му се нафрлија, а може и не беше од млекото.. да мине крштевката и ќе тестирам И да прашам урми од кога се воведуваат?? Матичната не ми ги спомна па ваљда мали сме, ама да си прашам ми текна на нив, башка блашки И за 8+ - 9+ некој ,,зачин,, кој е што се воведува??
Јас прашав вчера. Станка кажа урми може. Рече зеленчук може се, а од овошје се само не бобинки (капини, малини, боровници..). Од млечни без намази, крем сир, кајмак и слично (Драгана кажа може кајмак). Може павлака ама ептен со ниска масленост да најдам. Не ми е зорт за павлаката. Да пробаш со јогурт да маскираш зеленчук? Слично со к.млеко, ама пак поразлично. Мојава денес (пу, пу да не ја заречам) арно го помина денот. Појадок - 130че. Ручек - 110че Вечера - 145. Ќе не биде
@kukla21 ќе пробам секако да маскирам, ваљда некако ќе упали, а што убаво си јадеше, престана од кога дадов телешко Драгана не ми спомнала кајмак, ми рече кисело, несолено сирење/урда и сурутка, намаз малку подоцна да почнам да давам. Зеленчук грав, зелка и краставица не, друго се можам, додуше друго се и воведов Овошје јагоди не и цитруси, па гледаш значи може урми ама не ги потенцирала, јас малини дадов, другото немам домашно и не ни давам засега. Браво за Дунде само нека ручка