Мене па ме научи да си апкам благо. Пред него не ни помислував. И да апнев после солено си каснував. Сега јадам и одма блашко барам
Малиов од се највеќе сака банана да јаде, па секој ден по пола банана му комбинирам со кашички. Смеам ли секој ден по пола банана да му давам?
Јас од 7 м па навака скоро секој ден давам банана. Гледам само да е зрела. Омилена комбинација му е банана и палента.
Купив Bio просо од ДМ (до сега му давав на Холе). Пишува може да содржи траги од бадеми, лешници и сусам. Смеам да го давам на бебе или не? Кога го купував прочитав само дека е 100% просо а сега го читам целото упатство.
Така пишува оти се пакува на иста производна линија со другите спомнати производи, па затоа е наведено тоа на декларацијата. Давај слободно.
Претпоставував, пишувано е тука и за други намирници ама викам да си прашам за сигурно Фала @Annath имај убав ден
Пред дa oдгoвoриш нa мoите кoментaри, дaј и сoвет нa мaјкaтa чиј педијaтaр и рекoл грoзје дa дaде a дететo ни 10месеци немa, вo секoј случaј дaли прoлив дaли зaпек му штети нa дигестивниoт трaкт ..
А демек грешка ми е педијатарот? Каде има официјален податок што треба да внесуваат децата на одредена возраст? Зборувам за официјален документ како од СЗО и сл? Не сум сретнала нешто такво и многу работи докторите ги кажуваат по лична проценка. Затоа и тука често коментираме дека различен совет сме добиле. И црвен домат тука е зборен како алерген. Прашав и за него експлицитно кога ми кажаа се од зеленчук. Ми беше кажано да давам. И други дале порано. Сличен совет добив од две докторки. Се разликуваа кај бобинките само. Едната кажа може и бобинки. Другата, рано е. Дадов и диња и лубеница. Бебе немаше мака со меше.
Потполно се согласувам, најдобро е да си го пратиш детето , и што мислиш тоа давај му, и нормално советите од педијатарот затоа што ако има нешто кај него ке трчаш не кај мене, мојот педијадар беше врвен со триста сертификати ама кога ми рече на 7м грав дајму го откажав ..не ме сваќај погрешно добро намерно е све
Ме мачи нешто иако сме две години од скоро почнав риба да давам... од која им давате вие? И дали давте свежа или замрзната ? Јас свежа му дадов пастрмка кога маж беше тука и ги ловеше сам... А од замрзнато имам давано од ослиќ тие од кам.
Батат како се спрема? Не ми се смејте, не сум правела до сега . Да го варам како обичен компир и како пире да му дадам за проба или...?!?
Јас го правев како обичен компир. Варен со путер малку блендирав и адаптирано. Следниот ден воведов со него и морков. Вие веќе имате, па комбинирај. На Нутри бебе читав и за печен батат.