И хип бисквитките шеќерови... м? За малце денес во појадок ќе и ставав ама ништо, ќе чекат за понатака. А леќа од кога се дава? И боранија? Се си мислам дека за ручек слабо избор имам, се компир, тиква, тиквица...
Да тие што се 6+ се со шеќер, а тие година+ што се, не се Глупости. Земи си хип ноќна кашичка со бисквити и ете ти бисквити
Многу сум задоволна од Делимано,а и не е скапо Супер ги прави баш каша Овошје јас свежо блендирам, мислам така е најубаво, си се задежуваат витамини Липено миено и у блендер Палента и просо смеам ли од 6+? Инаку за домат начитав не смее до 10+, а јас веќе имав дадено неколку пати по препорака на педијатар. Никаква реакција супер прифати, а и мајчин инстикт знаев дека нема гајле Ставам путер или маслиново екстра врџн малку колку за вкус у зеленчукови @duffi јас дадов блитва, два три листа турам, до сега супер прифатено :
Црвена леќа 9+ а кафеавата над годинка. Боранија мислам мое порано, 8+ И грашак можеш од 8м. Што друго даваш? Брокула, карфиол, кромид и лук, пашканат, целер, морков, цвекло, блитва...На ова ми текнува дека може на 6 и 7 месеци.
Од леќа не ти пртка? Само лесно нека ги поднесува, јас не сум храбра да давам некои работи порано. Очигледно секој педијатар има свои препораки, но освен бобинки пред година јас би рекла строго НЕ и за киви, ананас, цитрусни овошја, мед, јаткасти, печурки, праз, зелка и грав.
Ја обожава. Она нон стоп пртка ама не гледам да се мачи.. и работи мешето. И киви и ананас и цитрус ми рекла може. Грав мислам следниот да дадам
Јас не би киви до година. Алергени се. Мислам @joy1 имала лошо искуство со нив. Ако грешам нека ме извини.
^ќе се вмешам пд нигде никаде. Мое мислење- многу галама се крева околу алергиите. Не е баш толку честа алергијата кон некоја храна. Реално ако нема фамилијарна историја шансата за алергија е минимална. Јас секако првиот пат давам буквално да допре на усте, ако не зацрвене по 10тина мин терам поголема количина. Пред година имам дадено цитруси, ананас, лешници/бадеми/кикирики и не сум се плашела, само сум била малку претпазлива. Син ми не е јадач, ама ако побара нешто од наша храна му давам да проба, мислам имам воведено скоро се и мислам дека не грешам со пристапот. Имате историја во фамилија? И дали сеуште е алергична малата на киви?
Значи било акутна алергија или можеби моментална нетолеранција. Различно е од хронична алергија, треба да се разграничат за да нема паника од алергии кај мајките општо зборам и по фб групите и тука
Дадов.. јаде Ама пак како основа на оброкот ми се компирот и оризот, па додавам 3 листа блитва, или пола морковче, или две парченца брокула... Ме разбираш? Не сум спремала каша од блитва и да сум додала на пример малку брокула. Мислам гадна ќе е, трева... Сега вака кога се прочитав сфаќам дека јас уствари се водам по мене, мене како ми ,,оди'' така и спремам на беба. Затоа мислам полесно ќе биде кога ќе имам воведено леќа, боранија па во тие каши да додавам брокула, карфиол, пашканат ... Ја отупев со муабетот, ај мош ќе ме разберате!