Јас дадов на 7 леќа, грашок, боранија, пиперка.. почни со малце, ако ти е страв почни со по пила лажишка. веќе можеш и мевце да даваш. Холе има еден зеленчуков микс тиква, ориз и пченка. Супер е. Можеш и тој ко основа да го користиш.
Овие денови планирам да дадам блитва и брокула, па ќе споделам впечатоци. Јас ништо од тоа не јадам, се надевам беба нема да е како мене. Иначе да, за почеток основата е таа, нема друго. Само нека јадат, па ќе се шири палетата на намирници.
Деновиве дадов кисело млеко, по малце во ручекот, ама се погоди нешто и слабо јадеше. Денес трет ден кисело млеко му дадов чисто прво да проба му годеше, продолжив со лажичка измешана во ручекот. Кога можам да му дадам кисело млеко чисто? Од жешкото слабо пие млеко па мислам дали е ок меѓу доручек и ручек да му дадам кисело млеко или рано е? За 4 дена правиме 7м. Па планирам и со месо да почнам.
Какво кисело млеко даде? За недела време и јас ќе почнам а не знам какво да земам. Јока и Бучен козјак се многу киселки , на Битолско му немам поверение во квалитетот некако. Па да воведам кисело и ќе почнам со месо и јас. таман 7 м. ќе сме. А вака како што гледам беба ќе да сака и вечера веќе. Три часа после ручекот започнува маратонско цицање. Бара да цица, не долго... по кратко време пак да цица... па пак да цица... Мелко имам 100% , ок знам дека и жед гаси ( нејќе вода) ама знам и дека до ручекот не бара толку да цица. Што мислите, од 7 месеци вечера , млечни каши на пример?!?!
Не сум во мк, па во изборот неможам да ти помогнам. Инаку тука педијатар уште на 6м ми рече да дадам вечера млечни каша, ама ќе почекам имавме проблеми со стомачето, се мислам ако е све ок за 2-3 недели да дадам. Зборев со една мајка од тука, ми кажуваше дала прво ручек па вечера и доручек на крај. Ми вика рано ви е за доручек.
@Chantal ептен биле “врсници” нашиве. Јас утре просо и тиква задутре и таман до 7 ќе воведам се од 6 . Во петок сме на педијатар па таман ќе слушнеме препораки за воведување во 7м. (јас секако од тука се раководам (мм некогаш ме прашува зашто одиме на педијатар кога другарките од фемина се знаеле ). @Sexybaby86 дадов авокадо (Марина ми го имаше пишано 10+) Уште дента кога проба три пати се искака. Од тогаш заборавивме на запекот . Фала што споделивте дка има таков ефект. Сега да ве прашам, во хотелот кај што ќе одиме на одмор(Грција) имаат кашички (готвена бебешка храна). Јас секако ќе си понесам доволно готови од дома ама да погледнам ли воопшто од тие, да дадам... или да не помислувам? @snegulkata Јас ќе му понудам бучен козјак. Ние тоа го јадеме, мене баш ми е убаво па ќе видиме на бебе. За вечера ти најдобро можеш да оцениш. Јас на 5+ почнав со вкусови за постепено од 6м да му воведам оброк доручек. Од 6+ постепено со зеленчук за ручек. За неколку дена ќе направи 7м и таман горе доле тука негде ќе почнеме со цел оброк за ручек. Вечера планирам да му давам од 7ипол по малку и до 8 да стигнеме до оброк. Не би брзала, ова 7ипол ако он покажува интерес. Јас сакав уште малку да чекам за ручек ама бебе а видеше кашичка, тањирче... плачеше и бараше. Инаку според Марина (од Ремедика) оброк се воведува на секои две недели, така што не е страшно ако бебе бара, постепено да почнеш да му воведуваш вечера.
Чисто да знаете во Рамстор секој петок добиваат телешко и е тазе и убаво 650 ден е килограм. Ако зимате јунешко најубаво земете фрикандо тоа е најчисто и најубаво јунешко.
Киснеш и даваш како било што друго. Ако даваш со к.млекце кисни во него. Со овошја во пирето или сокче ако имаш..
Од кога воведовте јаткасти плодови? Знам дека се 12 + ама искуството какво ви е. Како се воведуваат ,мелени со овошје ли? Пример за прв пат 1 бадем таман ли е ? Исто за солта сакам да прашам. Јас уште немам дадено ,некои викаат дека било добро по малце да се дава , што мислите?
Јас дадов до сега 2 пати лешник мелен од прилика пола лажиче. А за сол се уште не планирам да дадам, барем до кај 18 месеци. Инаку за 3 дена ќе сме годинка.
@orhideea фала ти,ќе пробам утре со бадем. Ние наполнивме годинка ,уште неколку дена и 13м ,за солта и јас сметам дека е рано .
Nie sme 5+'... pocnav so probuvanne vkysovi ama na se seso mrsti,se kako da mu e kiselo... prvoto dete na vtoriot den sakase cela kasa da ja izede, ova ne saka ni edna lazicka
После навршена годинка пожелно е да се воведува сол, секако количински помалку отколку за нас, баш поради причината што Македонија е ендемско подрачје за тие заболувања на тироидата па потребно ни е јод. Јас користев на почетокот хималајска јодирана сол.
еве за органските производи во Тинекс, ги има во Тинекс“ Зебра и „Тинекс“ Деликатес. http://konekt.org.mk/blog/prikazni-...kite-proizvodi-na-pokrov-vo-marketite-tineks/
Сега не знам по што да се водам. Една пријателка фармацевт вика дека к млеко се спојувало со железото други викаат не така. Што е исправно?