Јас во мафини ја давам. Тешка е за џвакање за бебиња/мали дечиња, а блендирана не знам каква текстура има. Во мафините е рендана и не се осеќа баш, а лесно се џвака. Работава е дека калциумот од било кое јадење што го содржи ја спречува ресорпцијата на железото во цревата, а исклучок е спанаќот кој е пожелно да се јаде со кисело млеко за калциумот да ги врзе оксалатите. Оброк кој е богат со железо (месо, жолчка, цвекло, леќа....) е пожелно да се дава со нешто што има вит.Ц за подобра ресорпција и искористување на истото.
И јас ја имав истата дилема. И на крај ние ја изедовме во салата Кажи ако најдеш начин да е мазна а да не е леплива
Тоа што е леплива и тегава ме буни. Како ли ќе излезе.. јас обожавам и стално дома имаме. Се мислев да ја ставам во врела палента да се стопи и после во блендер кога ќе олади.
Единствено што сега размислувајќи ми текнува е во пододладено јадење само на блендер. Фактички да не се растопи, за да не стане леплива туку како свежа да дојде. Може вака да пробам.
кога почнавте со житарки и со што ги спремавте кашите - со кравјо млеко (козјо?), со вода или со овошна каша? купив денес смеса од Холе од оризово, пченкарно брашно и просо, без млеко е. Ги има овие начини на спремање ама не знам како е најдобро да почнам. скоро ќе правиме 6 месеци, а досега пробуваме овошје и зеленчук, во зеленчукот ставам по малку путер или маслиново масло.
Оваа можам да ја давам, ми ја донесоа , не како ноќна, туку за доручек? Глутен нема. Од житарка само ориз имам дадено.
Дај ја Јас би. Мојава не сака житарки засебно, имаат интензивен мирис и само вака ги јаде. Јас и давам вакви. Оваа кутија уште не стасала на ред, ама ја имаме @Ano успешна мисија со моцарелата. Немаше потреба од блендирање. Моцарелата се соедини со палентата и беше топ! Бебе се изнајаде
Еее кукла да си жива и здрава. Утре тоа ќе му дадам. Колку моцарела стави за прв пат? Моево јаде 250-300г па да знам од прилика
@ada21 мене уште на 7+ ми кажа докторката дека може. Младо сиренце е без сол. Не ја давав до сега дека се плашев да не е тегава и дави бебе. Со денови мислев како да ја дадам @Среќичка 1/3 ставив од топчето на 200 гр палента. Го додадов кога згусна палентата и чекав целосно да се соедини со палентата, па тргнав од рингла. Воопшто нема парчиња или да се тегне внатре.
@duffi дај слободно, мојата денес баш тоа доручкуваше, плус измешано со слива и крушка. Многу ја сака мојава, и чиста ја јаде дури Ние почнавме со месо по совет од педијатар, лапа бебе телешко Со полни 7 треба да дадам и јогурт, кисело млеко, сиренце кравјо може, павлака и моцарела. Од зеленчук рече др може се освен мешунки, па денес ќе дадам пиперка, а следно и модар патлиџан. Рече и домат може, ама не сум сигурна уште, нели покасно се дава? Вика не се плаши, давај се веќе освен мешунки, бобинки и млечни производи (тие за 2-3 недели од сега), а тогаш рече и вечера да воведам. А да, со глутен рече да почекаме уште малку. Месото зготвено го мрзнете чисто или со зеленчук? Како е подобро?
На зот. Од маркет. Јас таа ја купувам или му на љубљанска млекара со повеќе мали топчиња. Оваа вторава би била попрактична, ама извесно време не ја наоѓам во маркетите кај нас.
А зошто не почнеш посебно со ориз, просо... место мешавина од сите. За спремање со вода или евентуално млекото кое му го даваш, мајчино или АД. Може ли во варен пасиран зеленчук да додадам Хип тиква? И така јако мириса или нешто не е во ред со оваа
@Minnie-e можеш тиква слободно, оди и со овошје и со зеленчук. Мојава се дави, многу ја сака Таква е, мириса јако и плус фарба све живо, после со ништо не излегува. Да си знаеш да се спремиш
Јако мириса, јас ја отворив да ја мешам и ја фрлив. Мајка ми вика таква си е , ништо не и е . Уште чека на ред за давање. Мојот и онака чисто не сака од ништо, само мешано.