Во Охрид има неколку Зегин аптеки, во било која одете, сигурно ќе најдете. Јас баш вчера ориз на Холе земав.
Би требало да има во Зегин во Прилеп. Зегин се единствени застапници за Holle. Во кутија се. Органско просо купувам во ДМ. Еве како изгледа просото на Holle
Читам наназад многу од вас давате инстант каши што само се раствараат во течност. Иако се приспособени за бебиња сепак се фабрички процесирани. Јас би давала цела житарка, сварена па изблендирана. Знам дека е покомплициран процес но знам и дека е поздраво. Исто и кашичките од тегла за воведување намирница. Јас сум секогаш ЗА да се почека додека не дојде сезоната на тоа растение па да се проба свежо и необработено, освен ако немам замрзнато или пастеризирано.
Во Зегин на туристичка ги има тие во кутија. Органско просо во тој здрава храна што има, кај судот негде што е.
Не прочитав погоре, мислев општо за просото на Холе дека прашува Мојов сега си јаде сварено просо, и се радувам што го јаде така без блендирање Јас кога почнав да воведувам немаше ништо сезонско.
Затоа се спрема зимница А верувам дека имало, во секоја сезона има одредени овошја и зеленчуци. Јас почнав со дохрана во декември, имаше пример јаболки, круши, тикви...Ама затоа заборавив да правам компоти, па кајсија и праска пробавме дури кога имаше наполнето годинка.
Секој со своја филозофија. Кога има проверени производители ќе се ограничувам на неколку продукти. Јас давам од тегла и ќе продолжам кога нема да е сезона на некои производи. Повеќе верувам на хип него на некој на пазар што ќе ми каже "домашно" е.
^^ секој си ги храни децата по свои убедувања, сите се добри мајки и таа која дава од кутии и таа која зима од маркет и таа која дава компоти. На крајот од денот најбитно е бебе да јаде Сега да прашам. Овошен јогурт како се прави, односно со колку лажици кисело млеко?? На 300мл каша бива ли 2лаж млеко?? И некој вкусен рецепт некоја да сподели?? Јас мислев со киноа, малини и цреши да му дадам како за прв пат. Бива??
За пазарџииве си скроз во право, да незнае човек што да прави. Посебно за нас скопјани. Почвава во околината на Скопје после бомбардирањето не ни е идеална за одгледување храна. Евентуално да се зима од пријатели, комшии од посигурни извори кои одгледуваат подалеку. Емка така е, но тука сме и за добронамерни совети, нели. Има и родители кои дохрана почнуваат со Фрутолино и Рижолино а еве масовно се избегнува веќе ради шеќерот. Ништо сјајно не е ни со другите инстант каши, сѐ е искомерцијализирано и за профит, а е просто да се направи и во домашни услови и да е поздраво.
Здраво.. сакам да почнам овие дена со цврста храна.. Сакам прво оризова кашичка ама дали може некој да ми каже како се проготвува? И колку лажички колку дена по ред треба да и давам?
Denes vovediv telesko meso od tegle na Hip. Go jadese malata pola od golemite teglenca. Smeam nokna so griz i kakao posto i tie ne mi se vovedeni vo ist den ili podobro ne?
Купи си на Холе или Хип оризова каша и само приготви со вода, имаш на кутијата како се приготвува. Но оти со ориз почнуваш?? Кој ти даде таков совет?? Јас со јаболко почнав на 6+ и првите 10намирници ги воведував по 3дена, сите наредни по 2. Првиот ден секогаш по некоја лажичка 3-4, наредно колку сака да јаде толку. Подобро не, ако немаш воведено какао гледај наутро да го дадеш бидејќи е алерген, па ако има реакција да имаш кога да следиш. Гриз и телешко јас не воведував, но првиот ден кога дадов пак не дадов и друга нова намирница.
И јас би те советувала да почнеш со некоја сезонска овошка. Не би ориз, па и чист. Овој на Хипп е просто без вкус и мирис. Чист не се осмелив да дадам.
Не е баш овошен јогурт, ама синко го сака. Овесни снегулки потопени во јогурт и додадено праска (може и со друго овошје)
@emkaemka можеш со секакво овошје. Јас најчесто и правам со црвено овошје(вишна,малина,капина,јагода,аронија) зависи што имам или се мешано. Некогаш додавам плус и пола банана. За количина никогаш не сум мерела ама обично по две-три големи лажици кисело млеко