Јас со таа кашичка воведов спанаќ. Првиот ден помалку од пола измешав со оривче на Холе, а вториот ден остатокот исто со оривче, за појадок дадов.
Нема рецепт. Се од око Грубо- 70тина грама тиква, 150мл вода, 1 лажица гриз и јајцето измешано мојава толку ќе изеде преку сила. Батко твој повеќе јаде. И за нас кога правам се од око ставам. Едит. Тиквата ќе ја рендам. Едит. И малку путерче
Некоја мајка од Германија да ми каже каде наоѓате младо телешко? @danichap, @mari, Значи маркети, месари и специјална био продавница превртев Kalbfleisch нема. Му одложив воведување месо на бебе. Денес одам по кашичка готова.
Во локалнава месара секогаш има. Не сум најсигурна, но мислам и во реве имаше. Таму пазарувам за дома, па мислам сум гледала.
Купив младо телешко од Веро, ве читав тука, ама не сум задоволна. Се вареше скоро 3 саати и потврдо е, се гледа дека не е баш младо Јас стварно не сум којзнае колку искусна да знам точно како изгледа, искрено не сум се замарала досега кога сум купувала, ама за бебе ми е и те како битно да е убаво месото. Кажав таму дека за бебе ми е Некое друго место кај што стварно има младо телешко, бејби биф? Ќе дадам уште еднаш шанса на Веро, ама ако пак ме зафркнат ги отпишувам. И така месото што го имам земано за нас е ужасно, еднаш мелено засмрдено купив па го враќав. Стварно ли е младо телешкото таму, оти не ми делува така? За веро тафталиџе прашувам. Патем рекоа носат свежо телешко секои два дена.
Јас купив од Поповски од лептокарија, топ е. Бебе се изнајаде. Понеделник и четврток носат, 650 е кг.
Јас цело време купував од веро и се чудев како може толку долго да се вари, по групине на фб месарата на кораб трница ја фалеа, купив и се изненадив, кратко варење и веќе нож како низ путер влага, меко кревко а и детево не го одбива ич сега ( на ситни коцкички му го сечам). Така да јас овде би ти препорачала
Може ли да и дадам мед, 11 месеци е? Во градинка гледам ќе и дават, за 3 недели ќе почне па сакам да и воведам
Па мое мислење е дека подобро ти да и дадеш сега и да ја пратиш за алергија отколку таму да дадат а бебе дури по 6 часа ќе го земеш. Таму нема да пратат дали има реакција, сигурно Едит. Башка шо ако појави реакција, може и да ти речат така го донесе ти, како ти ненормална да си
во rewe и edeka немам никогаш видено, само jungebulle ама тоа е како јунешко. kalb за нас ние земаме од Karstadt, супер е. во локалните fleischerei исто би требало да има п. с. и каj турците сум видела kalb ама за квалитетот не знам..