@Chantal да, зелена, по една третина ставам, за вкус За вечерата, и ние сме со речиси ист распоред како твојот, и јас не знам каде да ја вметнам
Јас давам вечера 17-18ч, ретко покасно, бидејќи ако тогаш дадам цице нема кога да дадам цврст оброк, мојов и пред 20ч знае да се комира.
@Chantal ист е распредот и на мојот со оброците. Моментално 4 млека и доручек. И кај мојот вечера би била околу 17-18часот. Оти во 20 е кома ко што вика Емка. Секси ама многу е порасната во должина. Таман си е .
Фала @Sexybaby86, @emkaemka и @duffi значи да не менувам ништо. Ние и ноќе имаме две млека во 01, и во 05. Вчера имаше месна кашичка за ручек па пројдовме со едно, се надевам со вечера да почне да ја преспива ноќта.
Мајкиве молам за предлог доручек. Што да давам заслабната ни е крвта, не ми се дава овошје бидејки го давам дваоати во денот како ужинка. Инаку сме 9м
што точно ви е заслабнато? хемоглобин? млечен гриз, мафин со аронија или боровинки. палента со путер. не мора двете ужинки да се овошје може едната да ја мешаш со тиква и некој зеленчук за да ојача на крв...
https://www.coolinarika.com/recept/najbolji-mafini-ovosni/ Јас овие му ги правам само место шеќер ставам мед. Од овошје комбинирам различно. Некогаш аронија и боровница само. Некогаш црна рибизла, малина и аронија и како ќе ми текне така му правам комбинација. Исто му правам зеленчукови со блитва и семе од копрова или спанаќ и семе од коприва. Ставам и кајмак внатре или топено сирење. Со банани и путер од кикирики можеш. Имаш на гугле разни рецепти.
Фала ти .. И ја би мед ( колку е доволно да ставам за неа она е 15+ ) исто и семе од коприва по колку ставаш ?
Кас искрено од око ставам мед. Зависи дали правам пола од смеса ( пола од рецептот количина ) или по рецепт. Ставам 1 супена а некад и 2 супени лажици мед ( ама со дрвена лажичка ) . Семе од коприва ставам исто од око по 1-2 супени лажички. Еве сеа пред некој ден му праев со блитва, семе од коприва, телешко мевце, кајмак и топено сирење. Многу се вкусни и ги сака. Претходно истиве ги праев и стаив и плус варена пченка. Прај ја основата стандард за мафини а внатре мастраф ставај како што мислиш. Мојов ги сака и оние со презреана банана, путер од кикирики и какао ( од на Анатах рецептот ). Некад и амерички палачинки му правам со аронија, боровница, семе од коприва и шо ми текне и тие се вкусни пробај.
Кога бевме да пазариме видов био цвекло па купив. Бебе е 7+ дали да му дадам? И како го припремате, дали може на пареа?
Пишувате за готови Хип каши во друга тема. А јас да прашам, само мојов ли не може да ги смисли тие готови каши? И само мене ли ми мирисаат заникаде? Он јаде само по една житарка. @pile30 не знам какви се 8те житарки на Хип, ама 5ве се шербет, мојов се згрози од нив. Ставив многу малку, повеќе овошје ама јок, му мириса тешко и се гади. Ако сакаш ќе ти ги дадам па и кафе ќе пиеме, имам и уште една за давање, немам намера да ја отварам, а и просоно За ручек му дадов палента со сурутка, сирење и путер, се гадеше, па додадов и јаболко и голтна пола Јаболко бе нема потреба за комент! Кисело млеко, не и не, со било што дај му го, НЕ го сака И сега да замолам некоја да сподели рецепт за 'ржано лепче, со сода ли треба да се прави место квасец или?? И @sofi2107 да го каже рецептот од Анат
@emkaemka повели мила Ако мислеше за рецептот за мафините на Анатах. Само јас шеќер неставам ставам секогаш мед, Ѓумбир и масло исто неставам. Ни црно чоколадо зашто какао ставам. На крај во смесата ставам секогаш од Био космо какаото 100% . Можеш да ставиш и мелени ораси, бадеми или лешници ( или комбинација од две ) и така се вкусни многу. Наздравје да ви се мафините