@duffi Не бaш зaдoлжителнo aли преферирaм пoчестo дa дaвaм aли претхoднo крaткo ги вaрaм Едит: Внук ми имa 9 гoдини и уште јaде и oбoжaвa житaрки зa дoручек (aкo ви е мaлa утехa)
Јас не ги сакам и во животот освен ориз од нив ништо друго не јадам. Знам дека се здрави ама ако толко не ги сака, здравје.
На мојов само киноата не му се допаѓа баш, друго ништо не пребира, ама и таа има многу интензивен мирис/вкус. Давам за доручек/вечера обавезно бидејќи само овошје не го држи. Ориз мојов за прв пат јадеше завчера, претходно секоја каша со ориз фрлена. Ама клучот бил во какаото, мислев да го дадам него подоцна ама дека голем ден беше и ориз мораше да јаде, уствари ставив и кајсии, а нив ги обожава па до што беше не знам ама ориз јадеше
Јас давам ориз од нас, Хипп не сака. Сега само во зелнчук. Му рендам кромидче, морков и зеленчук. Го јаде. Кино, амарат не ми се во план воопшто да давам. Ќе видам што има од житарки, јас за нас ништо не купувам оти не јадеме, па врска немам што се нуди на пазарот. Хипп јаболко со житарки одеше некако, па би ја нудела неа засега. Додека не воведам глутен.
Да де, ориз во зрно, прашаци кажав ни давам, ни нудам, а пак и тие му се најомразени Давам јас и амарант, уствари се давам, нека проба бебе, нека јаде, па што му е вкусно тоа ќе се нуди
Јас месо воведов 7+, телешко прво дадов. И кај нас викаа месо од 6 да се дава, ама па јас една недела пред 6ти почнав со вкусови да и давам, 6+ првиот оброк доручек, па 7+ кога воведов ручек, дадов и месо. Пред тоа некако не ми идеше...
Јас често давам житарки, уствари секој овошен оброк го комбинирам со житарки ама мислам доминира вкусот на овошјето, значи малку количински ставам житарки. Давам од тие 5те вида житарки од Хип, овес Холе, ориз Холе... прашаци се ама ги сака. За појадок со овошје ги јаде , за вечера со кисело млеко. Утре просо планирам да дадам со зеленчук па ќе видиме.
Ориз јадеше од 6м на Холе сега е 9м и му давам ориз во зрна а на Холе ко користам само кога ретки ми се кашичките.Доручек обично 3 овошја или 2 и ставам Житатки на Нестле за вкус или просо во зрна(претходно сварено), Овес исто но секогаш по малце да преовладува овошјето а овие ем за густина да добијам и за да го држи бебе бар до ручекот. Просото не го погодувам и скоро секогаш е густо и едвај го јаде но тоа како се лади така згуснува а додека го подготвувам е супер...и се мршти бебе.
Доручек житарки со овошје ручек зеленчук, месо/жолчка а вечера? Јас искрено ретко давам житарки за доручек, мислев дека се за вечера, така барем Марина ми рече на почетокот. Ама сега ве читам и ајде да си препрашам. И доручек и вечера житарки? Ние сме на одмор, бебе и доручек и ручек по 80 гр максимум јаде. Претходно доручек 120-130, ручек 100. Не знам дали е до топло, до готовите каши или заради запчињата. Можно ли е нешто сосема друго да е?
И ние кога бевме надвор од Скопје купив готови каши зеленчуковите до 100гр.ги јадеше повеќе не сакаше(Куп каши фрлив)...А ноќните и овошните цели ги јадеше без молење.Штом дојовме дома продолжив да му готвам кашички и со сласт си ги јаде 200-250гр.(зборам за зеленчуковите) а овошни и млечни 250гр. И приметив кога го ранам сака пауза од 5мин.и продолжува да јаде ко првата лажичка со мерак. Дали давате мајки вода додека јадат дечињата?
На советувалиште ми рекоа до година да има пробано се, освен белка, јагоди, малини и капини. Спојлер јас малини и дадов на 8 месеци од дворот немаше никаква реакција
Најмногу треба на јагодите да внимаваш оти даваат силна алергиска реакција. Малини неам дадено, ама капини дадов, исто и белка
Мојов со дерматит е па совет од педијатар беше да за малини и капини. Дадов на 8+, реакција нема, само не ги обича во каши има зрнциња и се нервира, па во раче му давам по некоја и така јаде. А да и грозје да кажам јаде сам, вадам семки, голем грозд на пола и шмука по нешто Сега имаме убави домашни смокви, ама во фамилија неколку се алергични на нив, па страв ми е јас да јадам не па на него да му дадам
Mајки од каде купувате црвена леќа? Мислам од кој проозводител е леката и од колку месеци може да се дава?