Јагоди дадов на 9+ исто и белка без реакција. Малини на 10+ а капини не сум дала ама ќе дадам деновиве. Од ДМ ја купувам, дадов на 8+
Денес просото подобро помина. Веројатно сум претерала минатиот пат со количината. Ставив помалку, преовладуваше овошјето, а даде фина структура на кашичката. Излапкани околу 170gr.
Така, добиена со вкрстување на различен вид од растението, може сум грешка ама се сеќавам на периодот кога беше актуелно што е хибрид а што гмо од тоа што го јадеме дека и црвената леќа беше набројана како хибрид
Ставив пола филџанче мало просо, од истото едно ипол вода, и чекав да изврие. Некој 10-15мин се вареше. Омекна, се гледе кога е готово. Претходно го киснев малку во вода, може 10мин. На крај во блендер со овошје.Денес праска и крушка.
Жолчка со кое друго овошје оди освен со банана? Од утре ќе воведувам, а банана бебе баш и не обожава, к.млеко и палента па ич. Со слива, круша и сл може?
Мајки, да Ве прашам? Бебе е10+. Колку немлечни оброка треба да има а колку млечни? Јас давам 3 млечни и 3 немлечни за 24 саати, а по книга вика само 2 млечни. Рано сабајле Ад, нскај 10 ч житарка со овошје, во 13 ч млеко, во 15,30 зеленчукова каша, накај 19 ч пак житарка со киселомлеко или со овошје. Е сега ако пие 2 пати млеко, оброкот во 13 ч од што да биде? Пак ли житарка? Веќе 2 пати на ден има житарка со овошје, трет пат премногу ќе биде?. Што мислите Вие?
3 млечни 2 немлечни. Наутро ад, па овошна каша, па ручек, па млечна каша (јогурт со житарки или лепче со кисело млеко) пред спиење Ад. 10 наполни завчера бебе.