@duffi те сфатив, уживај Месо почнав со 3 пати неделно (давав преку еден ден на почеток) сега давам 5 пати неделно, преку недела. За викенд одмарам
@Minnie-e телешко и пилешко давам засега, мисиркино не сум вовела уште, треба кај и да е. Ни со млечни производи не сум почнала, треба и тоа, педијатарот ми рече со полни 7 месеци. Кисело млеко, јогурт и кравјо сирење засега (и моцарела може). Деновиве прво ќе почнам со глутен, потоа млечни ќе воведам, па мисиркино. И да напоменам, пилешко давам двапати неделно, телешко три, некогаш и четири дена. Пилешково некако не го сакам, со хормони е полно, а домашно немам веќе, ми донесоа ама го потрошив Едит: млечните производи треба да се со помала масленост на почеток, после може и полномасни според педијатарот
Има холе пилешко, знаеш? Иначе и јас ептен каснам. Сега и месо ќе му давам првпат. Исто болен беше(уште се мачиме) па нејќев неколку дена пред одмор, на одмор... и еве сега чекам мевце и да јаде дете. Се чудам после зошто не го држи. @emkaemka и мојов јаде блендирано, ако осети парченце одма се дави. А гриз од кој даваш? Јас имам дома од тој плавиот bebe со бебе на слика, не знам дали е ок. И која количина на оброк?
@Minnie-e Холе кашичка е тоа, само пилешко? Па подобро таква да земам, него да варам, какво е надувано пилешково што се продава, дури страв ме фаќа. Имав домашни коковчиња, мали, ама мириса бре на пиле. Ова купечково свежо на риба ми мириса
Распоредот ви е добар и ние сме со таков, трипати житарци нема логика. Терајте си вака, па пробај кога ќе стане да не пие млеко туку прв оброк да му е житарица со овошје. И претпоставувам пред спиење пие млеко? Haferflocken овесни од Кам, ситнети се не е цело зрно, ги потопувам во вода да отстојат и после ги мешам со овошје, а просо какво?
@Minnie-e да тој гриз го давам. Од секоја житарка ставам +/- 1.5лажица и кога варам и кога киснам снегулки толку ставам + овошје, околу 300-350г правам да е оброкот ^^болоњезе мина неславно како што и претпоставив, ја изеде вечерата до пола и тоа едвај и 10смоки со лажење. После ќе го частам каша од 3.5е
Не сум искусна нешто многу ама две жолчки за еден оброк не би дала. Моето не сакаше жолчка кога воведував, се некако со сила ама сега си јаде со палента и кисело млеко најчесто. Пробај со банана или авокадо комбинација
Нема мака она со смислување комбинации, вика 2жолчки ги јаде без ништо @Mari* ^мојов ич не е љубител на жолчка, мешам некако со зеленчук, житарки ама ако ја сети не јаде, во помалку да смешам шанса нема да изеде. Цел е на мајка и јас мразам жолчка, уствари не ни јадам, ни пржена, варена, никаква, едвај и белка
На тоа и мислев дека две жолчки без ништо не би дала, а да проба со сите можни комбинации за евентуално да засака. Јас многу драматично го преживеав нејадењето на жолчка . Уствари тие човечиња мали си градат вкус за храна
Јас никако да дововедам жолчка таман почнав, бебе престана да јаде. Па стасав до 1/2 и отидовме во грција. Па таму јајца нит носев, нит планирав да давам. Кога дојдовме, бебе пак затвори уста и никако да и дадам 1/2 да касне вчера ќе јадеше, ама баба заборавила да и даде во ручекот, а со вечерата не сакаше.
Веќе се чуваат со баба?? Како иде Жолчка ќе воведеш, што му ја мислиш, ете од утре ќе ја нудиш, па и кога ќе се разјаде, голема работа
Да тркнам да ти донесам. Имам една нешто со пилешко од дм и една со тестенини и доматен сос. Една за синко за утре за ручек, друга за баткото твој. Таман да не возам за Скопје
Пробно оваа недела дур бев дома. Јадење на гурање па и баба ко пилче да рани еве ја си изеде 120че сега од мама вчера едвај 60 за ручек па и жолчката заборавена Ако не бива ќе земам неплатено.. или кај тебе ќе ја носам ваљда ќе пројаде покрај бебе твое
Еее ништо, да нудеше некоја благичка ќе ја земевме, мојов ниту една зеленчукава не јаде, ама ниту една, 10фрлив досега Носи ја! Ама мора првин мојов да се престраши од ,,викачката,,