дали можи да ми кажите кој продукти во кој месец се воведуваат. пример во 4 месец овожје .... зеленчук ..... во 5 месец ............. во 6 месец..... итн!!!
Ние ја пробавме со ориз и пченка и малиот ја обожава има убав вкус и јас ја пробав нешто како ванила,јас најчесто ја додавам во овошјето по една две лажички.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци мамички дали може да му давам некакви сокчиња на син ми има 3 ипол месеци скоро бидејки не кака мораме постојано со топломер на бадник се искака сам какаше 5 дена како што треба подоцна пак не кака нз што да правам,а му давам чајче бекутан и нане др ниш па советче добро би ми дошло само на мајчино млеко е
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци јас би ти препорачала да не почнуваш уште сега со сокчиња зошто е сеуште мало додека цица само млеко неможе да има запек може да не се искака неколку дена ама не е страшно. прави му вежби со ножињата накај стомачето и масажа со кружни движења барем тоа нас мн ни помагаше.
Стефи и Лолита вие мислам дека сте постари од нас ние за 2 дена 6 месеци правиме па ме интересира од кога почнавте со маслиново и путер,и мевце од кога.? До сега немам ставено во кашичките горе доле ги имам пробано миксовите што ги пиша Лолита ,овие денови планирам спанаќ да му дадам да проба .
Путер ставам само во зеленчуковите, почнав пред една недела одприлика мислам, значи веке имал полни 6 месеци и една недела, така некако му доага. Инаку јас путер употребувам многу малку, на врвот од лазичката и само доколку употребувам компир. Овие касички се погусти, па малку да ги размрсам. А месо, па утре прв пат ке му давам, д сега само водичката од варено месо ја користев, утре првпат мевце.
и јас само во зеленчуковите ставам маслиново ама во варењето до сега не му сум дала кромид. некако потежок за варење ми е. leo-n-tina за маслиново масло можи од почеток ама 1 лажица а месо јас почнав со полни 7 ама читам и гледам дека почнуваат и со полни 6 како сакаш ти. а со полни 6 јас почнав со жолчка 1/8, спанаќ, боранија
1 голема лажица ставам на почеток пред да зоврие манџата за да исврие маслото. јас бев голем противник за масло сол и др зачини ама кога видов дека во маслиновота има витамин A Д E К одма почнав да ставам. а од сол и др зачини уште немам ништо ставено ми ги јади и вака
Зошто да зоврие маслото? Нема потреба, плус ако е маслиново масло, станува канцерогено со вриење. Се додава на крајот, посебно ако блендираш, подобра конзистенција има. Јас ставав путер во топло јадење, ќе се стопеше и ќе се измешаше убаво. Исто и маслиново масло.
јас правам и кашувам како што ми кажаа мене. а мене ми кажа сестами а на сестами му кажа грчки педијатар а во грција 99% се користи маслиново така да не вервам со цел памет ако е канцерогено да се користи! и да пржиш нешто на него тогаш треба да не се згрева.....
Јас имам едно прашање после јаболко и морков што треба да се дава на бебушко,нз кој ми спомна банана ама нз како да ја приготвам,а и мислам дека е рано поради запек што може да добие.позз
od koga smeam da mu stavam kromid ili luk vo hranat?za edna nedela prajme 7 meseci.i pisete nekoj recept za 7 meseci sto da mu davam.pozzz
можиш да му даваш со 7 и кромид и лук (јас на 10 почнав) сега можиш и во сите зеленчукови каши и месо да му клаваш.
Мамички моете бебче е 8 месеци и сакам да почнам да му давам пасирано место блендирано. Мислам дека ни е време а? Ама ме буни за мевцето, некако си мислам колку и да пасирам пак ке си остане покрупно. Некоја финта да не има што јас ја испуштам или пак за нема мака и со мевце?
Ќе го сечеш месото на многу ситни парченца, ама да биде убаво варено, да се топи во уста. Само така ќе ти го јаде. Ако е жилаво, тешко. Кај нас нема вакви теглички на Хип само со месо што се, ама и не ти требаат. А за зеленчукот и овошјето слободно пасирај, можеш веќе и со finger food да почнеш, т.е да му даваш само да јаде лепче, бисквита или нешто слично. Така ќе се учи да џвака.