Во нашава аптека има и Хип и Холе, сите по 3.50е или 3.80е. Ќе видам после во Никити што ќе ме огрее Нестле само во маркети видов, мали кашички со праска, банана и со пилешко, толку избор, 2 и нешто евра
Јас пак знам обратно, дека треба да се полномасни Дај нека сподели уште некој како го советувале. @Mari* јас не би давала две жолчки. На кратко ќе ти објаснам, стручно а едноставно за сфаќање...жолчката го содржи едниот тип на холестерол, а белката другиот тип на холестерол и кога се јадат заедно се сузбиваат. Кога се јаде поголема количина само белка или само жолчка, доаѓа до оптеретување на црниот дроб. Можеби и не е толку страшно две жолчки, но самата помисла дека се работи за бебе со кревки органи, јас на сѐ внимавам
@Kitten па не знам, можеби мислеше педијатарот додека воведувам да се со помала масленост, па откако ќе воведам може веќе полномасни. Кисело млеко секако ќе дадам полномасно, Бучен Козјак, дека тоа го јадеме дома и тоа ми е најубаво, па ќе дадам и на бебе од него
Полномасни и јас таков совет имав, така и правев. Е сега откако ќе се воведе белка-цело јајце им давате во ручекот ?
Навистина Бучен Козјак е најубаво, не поради вкусот туку единствено кисело млеко што има кајма одозгора и многу брзо се расипува што самото кажува дека не е од прашоци направено. @eli25 нормално можеш цело јајце да ставиш откако постепено си ја вовела белката.
Вечера се воведува од 8 месеци, кога ќе воведеш путер можеш да ставаш во некој кашички сама ќе процениш во која каша ти оди да ставиш путер во која не
@eli25 во тој случај мора да запазуваме датуми на производство. Последното јас што го отворив ми стоеше неотворено во фрижидер 4-5 дена. Кога го отворив рокот му беше за уште два дена, а веќе имаше по некоја точка мувла на кајмакот.
Мајки ај некоја идеја за комбинација со урда.. освен со палента само тоа имам на ум... незнам со што друго да ја комбинирам.. и од кога ке ја отворам колку време може да стои? И од каде да најдам помала количина... зашто никој друг дома освен бебе нема да ја јаде, а се големи пакувања сум начекала до сега. Каква купувате и од каде?
Можеш и да ја замрзнеш урдата и да си земаш по потреба. Некоја продавница во буњаковец фалат за млечни продукти. Јас на з.радово земам од кам.
Имам интолеранција на лактоза и избегнувам млечни производи дека ме дујат, ми создаваат јаки грчеви и болка во стомак... јас би си спржила и со јајце, ама ке офкам после цел ден а мм па не јаде урда... дај рецепт во лп за ќофтенца, може тоа ке му се свиѓа на него. @kukla21 супер, не знаев дека можам да ја замрзнам, ке ја поделам во кесички тогаш, фала..
@mariz и јас би ти рекла слободно замрзни ја. Јас за нас замрзнувам оти и оваа од пола кг на Здравје Радово некогаш пола ја користам, другата во замрзнувач.
Јас купувам домашна, ја замрзнувам во теглички од кашички и си вадам по потреба. За рецепти синко мој многу сака макарони со брокула лукче и урда
Се продава урда и на рефус, сум купувала од Солета осоговска урда несолена. Можеш со кајгана, да полниш пиперки па да ги печеш, со потпечени макарони...